Имаш и девојки „за две тегли ајвар“, а имаш и елитни проститутки, за кои треба да се брцне подлабоко во џебот. Таков е ценовникот на станарките на студентските домови во Скопје, кои до плус пари доаѓаат со најстариот занает на светот, објаснуваат жители на домовите.
Сите шушкаат како онаа од „соба таа и таа“ синоќа ја виделе долу пред врата како ја собира некој со „мерцедес“ кабриолет, а претходната вечер седела со добро ситуиран господин на средовечна возраст во еден доста угледен скопски ресторан. Причината најчесто треба да се бара во немаштијата, вели еден студентски функционер.
- Реално и тие немаат избор, бидејќи најголем дел се од руралните средини, и не им останува ништо друго ако сакаат да си дозволат нормален живот во скап град каков што е Скопје.
Затоа голем дел одбираат да бидат придружнички на некој богат господин или, пак, го продаваат телото за многу ниски цени на мажи од која било класа - објаснува Бобан Трајчевски, претседател на Сојузот на студенти при Филозофски факултет.
Друга причина, велат други студенти, за некои нивни колешки да решат да си го продаваат телото е тоа што сакаат да бидат видени во високите кругови, односно да бидат придружба на некој богат господин, или модерно кажано „спонзоруши“. Но, според нив, тоа го прават и скопјанките, па не ги чуди што девојките од внатрешноста научиле нешто од нив.
- Не е тоа од вчера дека има вакви нелегални активности. Јас сум сместен во „Пелагонија“ и со другарите сме забележале студентки како излегуваат доцна во ноќта, а пред врата ги чека некој и тоа најчесто со автомобили како „БМВ“ или некој луд „мерцедес“ - вели студентот Атанас Петревски.
Последниве години проституцијата по домовите зема замав како ниска проституција, која се одвива во собите на домовите, каде што студентките се продаваат по мизерни цени, велат станарите.
Самоил Малчески, претседател на Сојузот на студенти на Универзитетот „Кирил и Методиј“, признава дека има такви појави, но вели, не е во обем доволно голем за да се обрне поголемо внимание.
- Знаеме дека постојат вакви нелегални активности, ама најверојатно тоа се 5 отсто од вкупниот број на студенти сместени таму, што не е толку масовно за да зборуваме за проституција. И во Скопје се прават такви работи, а сите се фаќаат за студентските домови - вели Малчески.
Министерството за внатрешни работи (МВР) воопшто не е зачудено дека има вакви појави, но според нивните податоци се уште немаат фатено ништо на дело, иако нивните служби вршат редовни контроли.
Затоа МВР апелира до граѓаните доколку имаат сознанија за вакви дела тоа веднаш да се пријави во полициските станици, кои потоа ќе преземат соодветни мерки. Прекршителите кои се оддаваат на проституција може да заработат казни од 600 до 800 евра.
Кое е вашето мислење за ова? Какви мерки треба да се превземат?