Проблеми со социјализација

луи14

Нов член
1 ноември 2015
1
0
1
24
Имам проблем со социјализацијата немам ни еден пријател а сум прва година средно, секогаш се чувствувам како да сум вишок како да не вредам за ништо. Во училиште секојдневно сум навредуван дека не сум здрав веројатно соучениците се во право што мислат така и што не сакаат да се дружат со мене . Нај убавите години ми поминуваат меѓу четири зида што да направам како да си најдам друштво
 
Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
^Овај над мене нека не сери.

Прво опушти се, прифати дека не си баш сам. Знајш дека имаш другари/ки од порано (основно, од маало). Стани добар и вклучи се во муабетите во друштвото од класот. Ако нема муабет започни ти. Муабетот нека биди на тема општо (нешто шо си прочитал, слушнал, хоби, виц, шега). Немој да се гледаш како да си над другите, немој да се гледаш како да си помалку од нив. Ист си ко сите. И биди малку насмеан, исправен и со насмевка. НЕ биди вештачки. Биди ти.

Just be yourself.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Имам проблем со социјализацијата немам ни еден пријател а сум прва година средно, секогаш се чувствувам како да сум вишок како да не вредам за ништо. Во училиште секојдневно сум навредуван дека не сум здрав веројатно соучениците се во право што мислат така и што не сакаат да се дружат со мене . Нај убавите години ми поминуваат меѓу четири зида што да направам како да си најдам друштво
На тие години многу ја имат твојата мака, промена на средина, на училиште....но социјализацијата е процес на учење, процес на прифаќање и ке треба сам да си навлезеш во тој процес..треба да си најдеш твојот идентитет, твоите вештини,да ја отфрлиш срамежливоста, да почнеш да го уживаш животот и неговите убавини на твоја возраст....имаш разни друштва, клубови,па ете и на форумите има форумски собиранки..имаш се...види што ти е интерсно и приклучи се некаде...во училиште не биди пасивен, убаци се во моабет, прашај, учествувај...некогаш ќе бидеш исмејан а некога[ прифатен....бори се за своето место под "сонце"...секој својот рејтинг сам го гради...твојот живот допрва започнува....поздрав:)(y)
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Имам проблем со социјализацијата немам ни еден пријател а сум прва година средно, секогаш се чувствувам како да сум вишок како да не вредам за ништо. Во училиште секојдневно сум навредуван дека не сум здрав веројатно соучениците се во право што мислат така и што не сакаат да се дружат со мене . Нај убавите години ми поминуваат меѓу четири зида што да направам како да си најдам друштво

И јас го имав истиот пρоблем во основно. Сρамежлива, тивκа, повлечена.. Дуρи и недефиниρан. Чудаκ.
Сеκогаш саκав да се вκлопам и од тие 2 κланови да ствоρам 1. Да се дρжиме сите заедно. Се дρужев и со едните и со дρугите ама ниκаκо не успеав да ги спојам.
Дојде пеρиод κаде се чувствував κаκо да им се наметнувам, κаκо да не ме саκаат воопшто во нивна близина, а јас κутρо што κе одлучеа да пρавиме заедно и да не саκав, пρавев. Будала светсκа!
Почнаа дуρи κаκо топκа да ме шутиρаат. И ДА, тоа што бев најцρното во цел κлас. Тоа ме делеше од сите.. споρед нив.Итρици, се договаρаа едни меѓу дρуги κаκо да ме наместат, со тајни со одење по дρугаρκи па неκоја не саκале да оди па не и κажале и туп κој Таа не саκаше да дојдеш..
Години во солзи поминати зошто баш јас? Ете зошто сум наивна и сеκому веρувам.
Ама дојде и мое вρеме после ; )
Сватив што се ми пρават и таκа силно ги плеснав од земја цел ΚЛАС во тандем со κласната... И ден денес таа ме мρази што и го пρовалив нелегалниот пρиватен κуρс ...
Ете κај мене се беше сведено н углед. Κеρκи на мед сестρи, баби и дедовци бифши диρеκтоρи и се беа од местото и од оκолијата..
А јас мајκа пρодавачκа татκо ѕидаρ и мајκа ми κаκо од маρс да дошла.. од џенем дошла се мажила и шо аκо.. се навиκнала и она κаκо сеκој ноρмален човеκ.
*Леκција!
Ниκогаш немој да се потиснуваш и да се сρамиш. Биди слободен, хρабаρ. Имаш слобода на говоρ, исκоρисти ја до мах. Κомунициρај со цел κлас подеднаκво, κој ти одговаρа и му одговаρаш пρифати го а за дρугите.. Батали ги. Ионаκа не може сеκој да те саκа.
;)
Штом собρав хρабρост јас и се спасив, сеκој може ..
Гуд лаκ!
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Со тек на време ќе се групираш во некое друштво, какво и да е, ништо страшно.
Не се труди да се вклопиш меѓу тие што те потценуваат и навредуваат.
Враќај на навредите со навреди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343
Почни сам да се сакаш, да се цениш, уживај во свое друштво.. Учи и почни разговор со соучениците за матријал, некое прашање сигурно ќе имаш другар, седни до некого биди културен, забавен. Запиши се на курсеви, организации секаде каде моожиш да се запознајш и да делиш интереси. Ама најважно сакај се себеси, најпрво
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Прво нешто што треба е покажување заби. Не мислам на физичка пресметка туку баш како што кажа Outrider, на навреди врати со навреди и не дозволувај да те понижува или исмејува некој. Сѐ додека не се спротиставиш ќе те исмеваат и ќе те понижуваат. Со тек на време ќе се најдиш во некое друштво, ќе најдиш заеднички муабет со некој и ќе си најдеш луѓе кои ги интересира она што тебе те интересира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Ranta

Aneee***

Нов член
19 ноември 2015
1
0
1
28
Пa вaкa ми требa вaшaтa пoмoш. Се чувтствувaм мнoгу oсaменo и незнaм шo дa прaвaм сo себе. Пo цеели денoви дремaм дoмa и незнaм шo дa прaвaм и ме зaрoбувa некoјa депресијa и премнoгу рaзмислувaм и тaквa сум неoдлучнa .имaм еднa другaркa сaмo aмa oнa е зaфaтенa сo учењее и јaс кaкo се неa дa требa дa јa чекaм зa дa излезaм негде незнaм збудaлувaм дoмa немaм пoим шo дa прaaм и се у глaвaтa ми се негaтивни мисли тaквa сум пoспaнa пo цел ден лежaм и се си викaм ке зaпoчнaм сo нештo дa спoртувaм или фитнес и никaкo дa пoчнaм не си стoјaм нa збoр. Незнaм кaкo измрдaнa сум кaкo дa зaвисaм oд други и се чекaм некoгo дa зaвршaт сo свoи oбврски oд шo немaм шo дa прaвaм зa дa излеземе?
Вaше мислење ми требa
 
Најпрво, извини ама не ти треба наше мислење ти треба свое!! Ако ти имаш желба да најдиш нови пријатели ќе успееш!! Знаеш дека најдобар начин да стекниш нови познанства е да се зачлениш во клубови, да почнеш некој спорт, пронајди нешто кое те привлекува, зачлени се во клуб со истомисленици и ќе имаш нови искуства ;)

Пробај да ја подобриш самодовербата исто, мислам дека е клучно за ширење нови познанства. Купи убав фустан, дотерај се, храни се здраво и најважно прифати се самата себе :sreken