Претерана љубезност

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас па таквите не ги сакам во моја близина, налудничаво ми делуваат. Мене не ми е нормално и прифатливо некој да претеран во било што да прави, а најмалку во љубезноста. Едноставно, лигави ми се. Одвратни.
Секако дека не треба да бидеш неартикулисано шимпанзо и кочијаш, љубезноста е доблест, но само доколку се консумира умерено и правилно.
И не, никогаш нема да ми биде симпатија некој што би се насмеал дури и да му врзам пајак на муда, за да ми направи кејф.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Бљак. Не постои вистински фина личност што веднаш ти се обраќа со злато, цуци, маче, па дали била продавачка во бутик што по секоја цена сака да ти продаде нешто во кое изгледаш ко Шварцернегер во оние неговите комедии од 90ти или рандом особа што некако дошла во контакт со тебе и од километри мириса на очај да биде сакан/а од сите и да ти се упика кајшто не свети сонцето.
Језивко и грдичко е за гледање.

Има ептен ретки исклучоци каде луѓето се навистина фини и прељубезни, ама тоа не делува нападно.
Имам другарка за која никој, никогаш не би можел да каже лош збор пошто е претерано фина, воспитана и културна, но не глуми туку вистински е таква и природно ѝ иде. Секако, девојчето зрачи, никогаш не делува нападно и одбивно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider