Пред да се решиш да се впуштиш во врска со некој, најпрвин преиспитај се себеси колку си ти спремен да стапиш во однос со друга личност и дали твоите обрвски и должности како партнер можеш да ги исполнуваш. Не влегувај во врска зато што ти е досадно или сакаш да извлечиш некаква корист, така сам ќе се зафркнеш. Почитувај го партнерот исто онолку колку што ти сакаш тебе да те почитуваат. Биди верен, посветен, искрен и лојален кон својот партнер, креирај нови нешта во врската и ти биди причина за хармонијата, и биди причина за решавање на проблемите и несогласувањата. Поттикни го тоа што го сакаш, не се срами отворено да го кажеш своето мислење и заборави на гордоста (читај инаетот) што го имаш кон неа/него. Една стабилна врска во која има хармонија се гради на начин што и двајцата партери си ги знаат своите обврски, заедно си помагаат во решавање на проблемите, заедно уживаат во среќата, комуницираат искрено и отворено, имаат чисти намери и цели еден спрема друг, си веруваат и се подржуваат. Пред да се одлучите да креирате поблизок однос со некоја личност информирајте се за искрените намери на таа личност и дали таа е личноста која вистниски ви одговара, колку таа личност Вас ве заслужува, но воедно бидете спремни да го дадете својот максимум во врската и несебично да се борите за заеднички опстанок. Без разлика дали имаш 16, 26, 36, или 46 години ти мораш да изградиш однос со некого затоа што човек не може да опстане сам, а каков однос ќе засноваш и со кого, зависи само од тебе, твојата среќа зависи од тебе-сам креирај ја на таков начин каква што ја посакуваш. Не дозволувај во никој случај да бидеш искористен, изманипулиран или изигран, најди го тоа што го заслужуваш и држи го блиску до тебе, секој човек заслужува да знае дека покрај него има личност која се грижи за него. Доколку некој те повреди, не се плаши да му го кажеш тоа во лице, имај интегритет и кажи му што направил и кажи му дека не те заслужува. Тргни се од врска во која има караници, во која има три особи, бегај од врска во која едниот покажува надмоќен авторитет, немој да се бориш за врска во која си омаловажуван и деградиран, затоа што можеш да изградиш однос кој е рамноправен и можеш да креираш врска во која вашите две тела ќе функционираат како еден дух.