Прашања за Исламот

Hindsighter

Нов член
3 јануари 2016
12
6
3
Со оглед на недостигот од ваква тема во овој подфорум, ја отворам за оние кои се заинтересирани за Исламот. Па повелете, кој има прашања за оваа религија нека постави, па јас и другите доброволци ќе се потрудиме да дадеме одговор.
Би замолил заинтересираните да поставуваат и развиваат фина и етичка дискусија, без притоа да поттикнуваме нетрпеливост или омраза од било каков вид.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Pica pica

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кажи нешто за Шејтанот, дали е еквивалент на Сатаната во рисјанството (еврејте немаат ѓаол) или има други модификации во верувањата? Интересно е пошто се појавила шејтанска секта во Кувајт а таму е суни популација е сега членовите цртале три шестки по телото а трите шестки потекнуваат од Откровението, последната рисјанска епизода на библијата. (не е бројот на зверот 666 него 616,7 ама тоа е друга прича :zelen)
Исто имало порано шејтанисти во Алжир за време на граѓанска војна :frantic

А да, и дали е точно дека песојте во светот на исламот биле хејтани (пошто пророкот не ги сакал наводно) а мачките имале повластен статус :kafe
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Hindsighter

Нов член
3 јануари 2016
12
6
3
Мир тебе.

Да, шејтанот е всушност сатаната. Исто е. Што се однесува до кучињата, точно е дека Божјиот пратеник Мухамед (нека е Божјиот мир над него) не ги сакал бидејќи се нечисти. Исламските зналци се поделени во мислењата дали кучешката плунка е нечиста, или влакната или кучето комплетно како животно. Едно е сигурно, дека кучешката плунка е нечиста.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мир тебе.

Да, шејтанот е всушност сатаната. Исто е. Што се однесува до кучињата, точно е дека Божјиот пратеник Мухамед (нека е Божјиот мир над него) не ги сакал бидејќи се нечисти. Исламските зналци се поделени во мислењата дали кучешката плунка е нечиста, или влакната или кучето комплетно како животно. Едно е сигурно, дека кучешката плунка е нечиста.

Хејтан шејтан, јако :zelen
Па ок скоро сите животињи имаат нечисти плунки, мачките јадат стаорци кои виреат во канализација а тоа не е чисто место. Плус има некои ко Комодо змајот едни гуштери огромни кои убиваат со плунката не бил толку опасен самиот угриз колку бактериите кои ги пренесувале и со тоа биле опасни...

Ми беше чудно ова со три шестки пошто тие не знам дали се појавуваат во Куранот. Дали таму има еквивалент на Откровението (тоа е последната книга во библијата кога некој стар чоек по име Јован имал визии за крајот на светот) во кое што се опишуваат последните денови и Армагедонот.
Е сега Армагедонот веќе се има случено ама тоа е друго, не верувам дека одговарал на описите од откровението...
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Еве едно прашање и од мене.
Дали муслиман после однос со каурка или ќафирка е должен да чини некои метаниии и какви?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Исто е. Што се однесува до кучињата, точно е дека Божјиот пратеник Мухамед (нека е Божјиот мир над него) не ги сакал бидејќи се нечисти. Исламските зналци се поделени во мислењата дали кучешката плунка е нечиста, или влакната или кучето комплетно како животно. Едно е сигурно, дека кучешката плунка е нечиста.
Дали муслиманот е должен да сака само тоа што сакал и Мухамед?
 

Hindsighter

Нов член
3 јануари 2016
12
6
3
Мир вам.

Еве едно прашање и од мене.
Дали муслиман после однос со каурка или ќафирка е должен да чини некои метаниии и какви?
На муслиманот му е забрането да има секаков однос надвор од брак и со друга освен со жената со која склучила брак. Единствено што тој може да направи е искрено да се кае за стореното. Метании, или поклонување во Исламот се чини само за единиот Господ. Истотака сметам дека понижувачкиот збор каур(ка) не треба да се употребува бидејќи е турски збор наметнат во времето на Отоманската Империја за Христијаните кои живееле во Балканот со цел да се понижуваат, иако зборот значи сосема друго (неверник, додека Христијаните не се неверници). Зборот ќафир има исто значење, само што е арапски збор.

Дали муслиманот е должен да сака само тоа што сакал и Мухамед?
Муслиманите го следат Мухамед (нека е Божјиот мир над него) во сите аспекти од животот, како најдобар пример за човештвото, за моралот, за поведението, за односите со другите луѓе итн. Но секако дека не е должност како услов за верување. Уште помалку во смисла само тоа што го сакал и ништо друго, бидејќи во тој случај не би требал да го сакам лаптопот од кој пишувам тука, овој форум, БоомТВ-то, авионот, и сите други нешта кои се измислени по неговата смрт, а кои се постигнувања и напредок за човештвото.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Муслиманите го следат Мухамед (нека е Божјиот мир над него) во сите аспекти од животот, како најдобар пример за човештвото, за моралот, за поведението, за односите со другите луѓе итн. Но секако дека не е должност како услов за верување. Уште помалку во смисла само тоа што го сакал и ништо друго, бидејќи во тој случај не би требал да го сакам лаптопот од кој пишувам тука, овој форум, БоомТВ-то, авионот, и сите други нешта кои се измислени по неговата смрт, а кои се постигнувања и напредок за човештвото.
Работиве што ги наброја Мухамед неможел ни да ги сака ни да не ги сака, од проста причина што не постоеле. Јас те прашувам за тоа што му било познато, ете како на пример кучињата. Тој несакал кучиња, дали ако муслиман сака и чува куче дома, тоа ќе му влијае на неговиот духовен план?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
И уште едно прашање. Во куранот се спомнуваат седум неба. Некои муслимани тврдат дека тоа се седум слоја на атмосверата, некој дека се паралелни универзуми! Дали има официјален согласен став кои се тие седум неба, на што се однесуваат?
 

Hindsighter

Нов член
3 јануари 2016
12
6
3
Работиве што ги наброја Мухамед неможел ни да ги сака ни да не ги сака, од проста причина што не постоеле. Јас те прашувам за тоа што му било познато, ете како на пример кучињата. Тој несакал кучиња, дали ако муслиман сака и чува куче дома, тоа ќе му влијае на неговиот духовен план?
Од таа причина и ги спомнав, да не се сфати погрешно оти ако кажеме само тоа што го сакал и ништо друго, да не се подразбира и за тие работи кои му биле непознати. За кучињата има хадис (изрека на пророкот Мухамед) дека ангелите не влегуваат во куќа во која е присутно кучето и сликата (на живо суштество, на пример портрет од Мона Лиза).
И уште едно прашање. Во куранот се спомнуваат седум неба. Некои муслимани тврдат дека тоа се седум слоја на атмосверата, некој дека се паралелни универзуми! Дали има официјален согласен став кои се тие седум неба, на што се однесуваат?
Има мислења дека се седум слоја на атмосферата, а далечината меѓу нив е колку небото од Земјата (буквално, небо над небо), но мнозинството се дека постојат седум Земји (имагинарни) поставени еден над друг, а далечината помеѓу нив е колку небото од Земјата. А Господ знае најдобро. Кога има различни мислења, значи нема официјален став но има мнозинство и малцинство кон едното или другото мислење. Ако имаш други прашања, слободно поставувај.