Практични решенија

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Одамна сфатив дека од континуирано читање книги, и нон-стоп играње Football Manager нема фајде во животот. Да, ќе се изгубат 2-3 саати, ќе помине меракот за играта или книгата и што понатаму? Цревата пак ќе свират, иднината ќе оди со молскавична брзина, бегајќи ни од рацете на неколку чекори пред да ја фатиме.
Се е убаво во тоа човек да се надградува, да посети музеј, концерт, кино, библиотека или театар. Но уште поубаво е кога човек има замислени планови за идните години од неговиот живот.
Празен е човекот кој живее од ден за ден, кој и покрај тоа што е способен и интелектуално оформен живее со мислата- "Лежи лебу да те јадам".
Она што му е потребно на македонскиот млад интелектуален хомосапиенс е праксата, излегувањето од монотоното секојдневие наместено според ритамот на досадата- легни, стани, легни, стани...Ова темпо на живот доведува до постепено губење на сето она за кое некој дечко или девојка губеле време по 3,4 или 5 години на факултет или во средното училиште.
Немањето елан за превземање практични работи кои ќе прераснат во перманетна работа е она вистинското кое недостига во веќе оформениот круг на живот на кој што сме научени.
Скарани сме со делот од мозокот кој сака да не натера да работиме а ние упорно предност му даваме на телевизорот или на компјутерот.
Од сето ова се појавуваат нови девијантни појави кои можат да траат долго време: скитањето, безделничењето, ситната зависност од алкохол, станувањето амеба која единственото што и останува е да чека да биде одвлечена од некој бран кој ќе и го скуси животот.
Што е решението? Мрдање на газот и барање работа откако недела-дена се легачите на кревет со порасната брада и факултетска диплома која фаќа прашина во некоја папка ? Земање по 50 денари од дома за цигари без да сме реални самите кон себе, дека со навршени 25, 26 и повеќе години веќе треба сами да го креираме животот?
Со досегашниот начин на делување младиот дух во нас старее, станување безживотни тела кои прерано завршуваат во некоја од најзапуштените соби во геријатриското одделение на животот.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Секој човек и секаде на планетава Земја се труди се што работи да го направи полесно односн ода го изоди патот на помал отпор. Кај нас тоа е посебно изразено кај младите ама тоа што имаме многу заспана младина е кривица на оние постарите. Оваа младина спие, итоа буквално спие и како шо кажа погоре Праеториан се шо е прави е земањето 5 0денари од дома за цигари и целодневното безделничење низ град .. Ретко кој од младите помислил чекај малце шо правам јас со животов? ке биде ли нешто до мене? И додека дел од нив ( многу мал дел за жал) велат ке најда мкаква таква работа ке вадам пари колку за мене. Оној поголем дел велат, да е здрав и жив таткоми шо м идава пари. Е тоа е проблемот и затоа вела моние постарит есе криви. Доколку детето го начите од мало да се грижи самото за себе, да се снаоѓа, тоа ќе израсни во човек кој ке се бори за она што смета дека е неправедно, ке носи дома пари а неам да чека на татко му , или мајкаму ...
ама за жал кај нас посто изреката Тато носи , мама меси а јас јадам ... Жално ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Имате право за овој, ама некако според мене не вреди да се инвестира у овуј државу. Превише мали фирмичке има, а преголеми давачке су. Инвеститори каснив сс наплату, ти касниш сс данок спрема државу, и плаќамо непотребни казне, а башка тој и касниш сс плату на свои вработени.

Од другу страну, како работник куде некога работодавца, тебе ќе ти биде навреда да работиш пример за 15 000 денара, пример дипломиран електро инжењер. И ми сакамо преко леб погачу. Зима те без искуство, без радну навику, пез праксу ... сс тек на време ќе се качи тај плата.Треба пред све да излечимо тија комплекси, и да се фатимо за работу.