Одамна сфатив дека од континуирано читање книги, и нон-стоп играње Football Manager нема фајде во животот. Да, ќе се изгубат 2-3 саати, ќе помине меракот за играта или книгата и што понатаму? Цревата пак ќе свират, иднината ќе оди со молскавична брзина, бегајќи ни од рацете на неколку чекори пред да ја фатиме.
Се е убаво во тоа човек да се надградува, да посети музеј, концерт, кино, библиотека или театар. Но уште поубаво е кога човек има замислени планови за идните години од неговиот живот.
Празен е човекот кој живее од ден за ден, кој и покрај тоа што е способен и интелектуално оформен живее со мислата- "Лежи лебу да те јадам".
Она што му е потребно на македонскиот млад интелектуален хомосапиенс е праксата, излегувањето од монотоното секојдневие наместено според ритамот на досадата- легни, стани, легни, стани...Ова темпо на живот доведува до постепено губење на сето она за кое некој дечко или девојка губеле време по 3,4 или 5 години на факултет или во средното училиште.
Немањето елан за превземање практични работи кои ќе прераснат во перманетна работа е она вистинското кое недостига во веќе оформениот круг на живот на кој што сме научени.
Скарани сме со делот од мозокот кој сака да не натера да работиме а ние упорно предност му даваме на телевизорот или на компјутерот.
Од сето ова се појавуваат нови девијантни појави кои можат да траат долго време: скитањето, безделничењето, ситната зависност од алкохол, станувањето амеба која единственото што и останува е да чека да биде одвлечена од некој бран кој ќе и го скуси животот.
Што е решението? Мрдање на газот и барање работа откако недела-дена се легачите на кревет со порасната брада и факултетска диплома која фаќа прашина во некоја папка ? Земање по 50 денари од дома за цигари без да сме реални самите кон себе, дека со навршени 25, 26 и повеќе години веќе треба сами да го креираме животот?
Со досегашниот начин на делување младиот дух во нас старее, станување безживотни тела кои прерано завршуваат во некоја од најзапуштените соби во геријатриското одделение на животот.