Потсвест и нејзината моќ

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Како почнав подлабоко да се разоткривам (ehehe that's what she said) себе, сфатив всушност колку потсвеста ми игра улога во толку навидум неповрзани работи, кои ете, останале да влечат некакви непријатни, дури и трауматични корени од ствари за кои не би ни помислила да ги поврзам.
Многу се иритирав што не бев свесна од каде ми идат одредени тригери за панични напади (не дека сега ги владеам сите и сум во 84та димензија на просветлење де), па бев преплашена како ќе терам и дали ќе се оправам од тој маѓепсан круг каде не знам што ми е.
Па, испаѓа дека потсвеста знае. Сум се фатила дека тригер ми бил одреден збор (да речеме сум имала паничен кога некој зборел за патики, па после ме фаќало тензија кога некој ќе спомне дека купил патики, а ваму се чудам зошто ми се случува такво нешто при обичен муабет), некогаш дури и одредена боја или мирис. Не знам, чудно е, но полека се трудам да се одвикнувам од таквите поврзувања и секое искуство да го сметам за посебно, пошто такво и е, реално. Колку и да го правиш нештото одново, никогаш нема да е 100% исто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider