Постои ли време?

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Според мене човекот математички го изразил поимот време се со цел да не загуби перцепцијата за брзината на промените во неговата околина. Времето е всушност нешто кое човекот во минатото го зел како есенцијална компонента за егзистенција.
Од друга страна пак, не верувам дека времето може да се одреди со специфична дефиниција бидејќи е доста релативна работа.
Плус, и ако се гледа од повеќе различни гледишта, постои и т.н. длабоко време.
Имено, се користи за одредување на староста на Земјата и комплетниот тек на нејзината еволуција. Еве еден пример за како подобро да се сфати: Ако целосната, да речам - должина на тоа длабоко време, го замислиме како нашата рака од рамото до врвот на ноктите, тогаш последните неколку века можат да се отстранат со само еден потег од турпијата за нокти.
Сметам дека и ова води до првите две реченици кои ги напишав погоре.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Не! Проблемот е што мислиш дека постои време - Буда
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Случување на настани е доказ за постоење на време. Седни и прочитај.
Не верувам во се што е напишано. Буда рекол да не верувам ниту во него, ако неговото тврдење не се усогласува со моето... :) Времето е илузија... исто како и математиката, ние ги создаваме и двете. Како ограничени суштества луѓето не можат да ја сфатат вечноста, затоа им се чини дека времето постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and Lena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Вашите аргументи се: Бла бла бла бла бла бла бла Буда рекол бла бла бла бла.

Мамбо-џамбо муабети не водат никаде.