Послушност

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Инспирирана од неколку мислења на неколкумина членови на темата ,, протести против полициската бруталност'' одлучив да ја отворам оваа тема, но сигурна сум дека нема да можам да дадам добар вовед на истата. Затоа ја прикачив оваа епизода од емисијата ,,na rubu znanosti'' за да биде наместо вовед.
Бевме сведоци на едно брутално убиство на еден млад човек од страна на полицаец и долго се расправавме дали полицајците се обични луѓе како и сите останати или пак се разликуваат од останатите баш поради својата професија. Дали униформата како симбол за послушност ја менува личноста која ја носи?
Низ историјата се случувале многу, не толку мили настани, кои и ден денес ја ежат целата јавност само затоа што некој слепо ги слушал и спроведувал наредбите на авторитетот.
Во нашето општество, послушноста е окарактеризирана како позитивна особина. Дали навистина е така? Нас не учат дека само доколку сме послушни ке напредуваме и ке освојуваме награди, а во спротивно не само што нема да напредуваме и да добиваме награди, туку и ке бидеме казнети на некој соодветен начин. Кој е мотивот за послушноста на народот, наградите или стравот од казната?
Кого слушаме? Кој ги одредува авторитетите пред кои сме послушни?
Кој е креатор на тој систем во кој е неопходна послушноста и која е целта на истиот?
...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во идеално општество, неврологијата ќе може да лоцира психопати уште од мала возраст и на истите ќе им се вгради РФИД чип под кожата со што ќе бидат под контрола 24/7.:cool:
Општествата, уште од Сумер па досега се структуирани за да на врвот секогаш се најдат најжестоките психопати. Државата како ентитет е творба на психопати.
6.500 години на крв и страдање. Од почеток тоа било дивајн рајт ту рул, сега е подеднакво религиозниот`општествен договор`.

Секое општество го моделира поединецот во онаква карактена структура која му е потребна на даденото општество да опстане. Поединецот за да опстане или да напредува мора да се вклопи во моделот. Фидбек луп.
Од викторче и неговите субвенции до Халибартон и тендерите за `обнова на Ирак`, од микро до макро израз, злото е државата и државата е злото.

http://www.ponerology.com/evil_2b.html


Околу униформата ги имаш Станфорд, Милграм и Еш експериментите:)
Полицијата е чувар на власта и како таква ќе стори се за да ги заштити своите господари.
 
Последна промена: