Инспирирана од неколку мислења на неколкумина членови на темата ,, протести против полициската бруталност'' одлучив да ја отворам оваа тема, но сигурна сум дека нема да можам да дадам добар вовед на истата. Затоа ја прикачив оваа епизода од емисијата ,,na rubu znanosti'' за да биде наместо вовед.
Бевме сведоци на едно брутално убиство на еден млад човек од страна на полицаец и долго се расправавме дали полицајците се обични луѓе како и сите останати или пак се разликуваат од останатите баш поради својата професија. Дали униформата како симбол за послушност ја менува личноста која ја носи?
Низ историјата се случувале многу, не толку мили настани, кои и ден денес ја ежат целата јавност само затоа што некој слепо ги слушал и спроведувал наредбите на авторитетот.
Во нашето општество, послушноста е окарактеризирана како позитивна особина. Дали навистина е така? Нас не учат дека само доколку сме послушни ке напредуваме и ке освојуваме награди, а во спротивно не само што нема да напредуваме и да добиваме награди, туку и ке бидеме казнети на некој соодветен начин. Кој е мотивот за послушноста на народот, наградите или стравот од казната?
Кого слушаме? Кој ги одредува авторитетите пред кои сме послушни?
Кој е креатор на тој систем во кој е неопходна послушноста и која е целта на истиот?
...