Последна погледана претстава (со кратка рецензија)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Бидејќи немаме конкретен подфорум за театарот воопшто, ја отворам темава тука, па со тек на време ќе и` се најде нејзиното место на форумов. Имаме веќе една општа тема за театарот и филмот, но сметам дека потребно е да се удри одреден акцент посебно за првово. Темава нека биде за последната изгледана претстава како и лично ваше мислење околу истата. Нормално, покрај драмскиот, тука играат улога и оние со опера и балет.
Значи не треба тука прераскажување на приказната/делото туку лично ваше мислење за актерската екипа, оркестарот како и целиот ансамбл на сцената.
Верувам не` има неколку што му оддаваме значење на овој вид на уметност.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Мислам дека добро би било да ставаме и репертoар од моментални престави.
Македонски народен театар
Репертoар за месец март
16 март, недела, НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ, 20:00
17 март, понеделник, ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА, 20:00
18 март, вторник, СРЕБРЕНА СВАДБА, 20:00
21 март, петок, ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА КАБАРЕТО, 20:00
22 март, сабота, ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА КАБАРЕТО, 20:00
23 март, недела, МАЦА МАХАЛАЦ, 20:00
24 март, понеделник, МАЦА МАХАЛАЦ, 20:00
25 март, вторник, АФЕРАТА ЕЛСИНОР, 20:00
25 март, НИ ВАМУ НИ ТАМУ 21 ч. (мала сцена)
26 март, среда, СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ, 20:00
27 март, четврток, ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА, 20:00
28 март, петок, КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ВИРЏИНИЈА ВУЛФ, 20:00
29 март, сабота, ВЕЧНАТА КУЌА, 20:00
31 март, понеделник, НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ, 20:00
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Сношти баш бев со една другарка на „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ на мала сцена во МНТ (новиот) и ко за прв пат на таква претстава имам доста позитивни критики. Играа 4ца ликови, што е таман, нема многу шарање-барање помеѓу рољите. Приказната е као 2 пара седат во куќа (домаќини и гости) и разговараат за факултетските работи. Целиот муабет збогатен со цинизам и иронија, омаловажување како и човековата природа да живее алтернативна реалност пред општеството. Сенко испадна мајстор како и секогаш, Весна освен за драматизација (не и плачење) друго многу слабо... Сашко бубамара не беше толку лош колку што мислев дека би.... Девојката ми се допадна повеќе.
Следната се канам на 27ми да одам на Гѓа Министерка па ќе видиме.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Бев на претставата Женидба од Гогољ. Се изнасмеав на глас 2 часа. Млади добри актери во театар Комедија. Цена 140 ден. Прекрасна претстава , ја препорачувам за сите возрасти.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Свадбата на Фигаро комедија прва класа плус во новиот театар мераци. Екипата Сашко , Нино и Синиша што да очекуваш освен смеењн до бесвест. Сеа сакам да ја погледнам не се клади на енглези ама неможеш карта да најдеш.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Добра тема. Баш ваква требаше.
јас сум голем обожавател на театарски претстави, но овде многу ретко има, а уште поретко има некоја добра.:(

Последна, хмммм...чекај да се сетам, одамна беше тоа.
Подземна комедија
По втор пат ја гледав бидејќи многу ми се допадна првиот пат кога ја гледав.
Се работи за човек кој работи во оркестар (свират на погреби), разведен е со жена му(која инаку пее на погреби) и живее со својата девојка, Соња - Васил Брбанов.
Една вечер го буди тропање под земјата. Прво мислат дека не е ништо, но после некое време се појавува човек. Им вели дека тој е од подземниот свет, местото каде што наводно сите интелектуалци одат, од времето на Римската Империја, од времето на Хитлер...(тоа е всушност...пекол) и им дава вреќа полна со пари. Васил бара уште за својот братучед од оркестарот. Тој доаѓа, но доаѓа и поранешната жена и бара уште, уште и уште пари.
На крај самата се фрла во дупката за пари. После неа се фрлаат и останатите.
Дејството продолжува во подземежјето. Васко не верува дека е мртов.
Таму си седат во кафани, се возат до Станица последна, па до чистилиштето само за да докажат дека се живи.
Вистината е дека само Васко смета дека е жив а другите се свесни дека се мртви.
Тие го чекаат денот на мечтите, на кој би требало да им се исполнат желбите од кога биле живи. На тој ден сите тие добиваат пари кои не им се ни малку потребни.
Првиот дел од приказната е сонот на Васко откако јадел маринирани отровно печурки а вториот е онаа што се случува после тоа.

Има и доста комедија, во најголем дел црн хумор. Ама важно јас иумрев од смеење.
Не можам точно да ја доловам.

А инаку последната претстава која ја гледав за прв пат беше Изгубени германци.
Атмосферата требаше да биде добра, имаа услови за многу добра претстава, но ја уништија со бесмислени и бескорисни сцени, вулгарности, несоодветни сцени. па досадна беше.
А можеше да биде супер. Но тоа е тоа.
На почетокот дури успеваше да ме насмее, но подоцна единствената комедија беше пцуење.
Глумата беше многу добра, но тоа е тоа.:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Денот си го искористив нешто подалеку од рутината и посетив една театарска претстава.
Хеда Габлер

Приказната е за Хелда, која е убава, паметна, амбициозна и жена полна со емоции...
Жена која не се осеќа удобно во своја кожа и животот што го живее, зошто знае дека може и заслужува повеќе, способна е, мудра и страствена, но заробена во обичноста на општеството.
Брак, посветен сопруг, нов дом и дете на пат се работи со кои може да се задоволи секоја жена, но не и злобната, бесчусвителна и егоистична Хелда. Обидувајќи се очајно да избега од монотоноста на својот живот, хаотично се однесува и манипулира со својот сопруг и со пријателите и прави многубројни злобни и себични планови за уништување на нечиви животи, желби и соништа... Баш поради ладнокрвноста во делата на Хелда, претставата изнудила и вакви реакции од светската публика: 'жестоки полемики, одбивност и згрозување. Нарекувана е одвратна ноќна мора, монструм, изрод на авторовата имагинација, драма на абнормалноста'

Мене ми се допадна. И посебно девојкава што ја глумеше Хелда направи да не се ни сеќавам ни па да ги заприметам другите актери и нивната улога. Толку маестрално одиграно секоја чест.
 
Последна промена: