Посета на кина и театри

Каде повеќе сакате да одите?


  • Вкупно гласале
    27

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Среќни сте што имате кина и театри во вашите градови. Јас, што ако сум огромен љубител на театарот, кога во нашата напатена Струга тоа е непознат термин. Нит кино, нит театар, нит бакрач!
Последниот филм „Панкот не е мртов“ пред некоја година, не ни беше кино проекција. А од театарските претстави даваа нешто летото, еднаш во којзнае колку време сега ни тоа го нема.
Една голема катастрофа и хендикеп е за градот Центрите за култура денес да се само една зграда повеќе....неупотребена.
 

Nikola

Полноправен Член
20 февруари 2012
59
41
18
Skopje
Често посетувам и кино и театар, љубам уметност. Театарот ми е некако поблизок. Не знам зошто, повеќе ми се допаѓа. Последен пат бев пред неколку месеци, можеби 3-4 поминаа, претставата беше ,,Нора‘‘. Жално ама, се нешто не можев да направам измени во распоредот мој или немав со кој да одам. :eekops:

И да, многу ме нервираат некултурни луѓе. Ако не ти се гледа бре излези си, не мораш да мрмориш и да збориш на сред филм/претстава, и исклучи тоа телефонот, ии!
Многу стануваат неподносливи тие без култура. Кај и да ги затвориш нема да те сватат. Како што викаше учителката до 4-то: „Мечка од планина да беше ќе научеше“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Слабо слабо....филмови си гледам дома а во театар немам отидено од средно....тогаш се противевме зашто не носи проф. по македонски а уствари кога ќе отидевме не ни се стануваше за накај дома од што била интересна претставата.... мора пак да се оди некој ден.
 

Fallen.

Полноправен Член
26 февруари 2012
39
28
18
33
Па у последно време и таму и таму сум била. Ама во театар посебно често почнав да одам на претставите на академска сцена, на драмски факултет. А у кино бев пред недела дена на Скопје ремиксд и ми се свиѓаше :) Мислам дека пак ќе одам у кино, само да се решам на кој филм :)
 

Nikola

Полноправен Член
20 февруари 2012
59
41
18
Skopje
Драги мои форумџии,
На моја огромна чест и задоволство ве поканувам на една моќна претстава каде што преку неа ќе можете да дознаете моменти од животот на В. А. Моцарт кој што не сте ги знаеле во изведба на преубави учесници кои што се ученици на возраст од само 10 до 14 години. Претставата ќе се одржи на 22 Април 2012 г. (недела)-утре во Македонскиот Народен Театар (МНТ) со почеток во 17. Влезот е слободен. Мислам дека вреди да се погледне поради тоа што е во изведба на прекрасни личности кои што макотрпно работеа од септември и поради тоа што нема да има реприза.
Ве очекуваме! :)
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Театар, немам испуштено претстава што има играно во мојот град.. иако не се баш чести:place .. неколку пати во годината ќе идам и Скопје... едвај чекам да одам на факултет, претстава нема да испуштам :sreken кино многу ретко иам одено, ама не одбивам.. обично на македонските филмови друго се можам да симнам и да си гледам дома :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum