Полнети зачинети јајца

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Сите го сакаат и со нетрпение го очекуваат бојадисувањето на велигденските јајца и традиционалното кршење со нив. Но, кога забавата ќе одмине, остануваат полни садови со варени јајца кои не се многу привлечни и ги јадеме „насила“.
За да го немате проблемот со десетиците останати велигденски јајца кои никој не сака да ги изеде, ви предлагаме лесен начин да ги направите варените јајца неодоливи и за вашето семејство и за вашите гости за време на празниците.
zacineti-jajca.jpg
Полнетите зачинети јајца се многу популарни во светот затоа што се приготвуваат брзо и можат да се зачинуваат со најразлични додатоци, па се прилагодуваат на сечиј вкус. Постојат стотици вкусни варијации на ова јадење, а во продолжение ќе најдете две од нив.
01.jpg
Полнети јајца со сланина и млад кромид
02.jpg
Полнети јајца со кисели краставички
ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО СЛАНИНА И МЛАД КРОМИД

Состојки

6
варени јајца
2 лажици
мајонез
1 лажичка
сенф
1
ситно исечкано младо кромитче
4 ленти
сланина
1 лажичка
јаболков оцет
сол
црн пипер
Подготовка

  1. Излупете ги јајцата, пресечете ги на половина по должина и извадете им ги жолчите без да ја уништувате формата на белките.
  2. Потпржете ја сланината и исечкајте ја на мали парчиња. Дел од нив зачувајте настрана за декорација.
  3. Младиот кромид ситно исечкајте го. Белиот дел од кромидот употребете го за полнежот на јајцата, а зелениот нека ви послужи само за декорација.
  4. Жолчките од јајцата ставете ги во длабок сад и во нив додајте ги мајонезот, сенфот, оцетот, сланината и кромидот. Зачинете со црн пипер и сол. Со виљушка испасирајте ја смесата за сите состојки да се соединат.
  5. Со смесата наполнете го вдлабнатиот дел на белките. Тоа можете да го направите со лажичка, готварски шприц или пак со најлонска кесичка (ставете ја смесата во кесата и направете мал отвор на едниот крај низ којшто ќе ја истиснувате).
  6. Декорирајте со мали парченца зелен кромид и сланина.
ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО КИСЕЛИ КРАСТАВИЧКИ

Состојки

6
варени јајца
2 лажици
мајонез
1 лажичка
сенф
3
кисели краставички со средна големина (ситно рендани)
1 лажичка
јаболков оцет
сол
црн пипер
Подготовка

Подготовката е иста како погоре, единствено се разликува декорацијата. За повпечатлив изглед, попрскајте ги јајцата со црвена пипер или чили во прав.
Варијации

03.jpg
За декорација е искористено кружно парче од мал домат и зелено кромитче.
04.jpg
За декорација можете да искористите црни маслинки со кои ќе оформите пајак за да ги израдувате децата.
05.jpg
Јајцето со изглед на пиле ќе го направите ако пресечете само мал дел од белката на горниот дел. Наполнете го јајцето со смесата и направете очи од маслинки и клун од морков.
06.jpg
Наместо кисели краставички искористено е цвекло од тегла кое ѝ ја дава на смесата розовата боја.
Извор: Фемина
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Втор ден кај што ги гледам јајцава и не знам што да прокоменитрам.
Можеби се вкусни, но не ми се допаѓа нивниот физички изглед. Поготово тоа со маслиновата тарантула.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Втор ден кај што ги гледам јајцава и не знам што да прокоменитрам.
Можеби се вкусни, но не ми се допаѓа нивниот физички изглед. Поготово тоа со маслиновата тарантула.
остај тоа за децата е :p