Плетење и везење

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Во последно време се живнува плетењето и везењето како нов начин на изразување на креативноста.
Фустани,џемпери,панчос,шалови,чорапи, навлаки за перничиња,ќебиња,ташни итн.
Се што е плетено и везено со еден збор.
Мене лично ме влече плетењето и морам да признаам наоѓам големо задоволство во истото.
Еве го и првиот успешно завршен шал.
(Има неколку дупчиња,ама за прв пат ок е).
Постирајте во темава туторијали за нови плетки и дизајни,слики од сопствени изработки и слично.
image.jpg
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,063
1,133
И јас плетам. Плетењето многу ме опушта и смирува, моментално тоа ми е еден вид медитација, но и начин да заработам, бидејки во последно време плетам капчиња и шалчиња за продавање, одамна си немам сплетено нешто за себе.
Слики ке прикачам друг пат.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас немам научено, а би сакала, најверојатно кај и да е, ќе се нафатам да почнам со учење. Не верувам дека би отишла до тој степен да плетам џемпери, но може шал и капа на пример. Кога ептен би влегла во ритамот на плетењето да го правам тоа без размислување (ко што порано мајка ми си плетеше и си гледаше филм), би плетела за подарување во Црвен крст и слични места.
 
  • Like
Реакции: malo, BlackTulip and Lena

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
Јас немам научено, а би сакала, најверојатно кај и да е, ќе се нафатам да почнам со учење. Не верувам дека би отишла до тој степен да плетам џемпери, но може шал и капа на пример. Кога ептен би влегла во ритамот на плетењето да го правам тоа без размислување (ко што порано мајка ми си плетеше и си гледаше филм), би плетела за подарување во Црвен крст и слични места.
Одлична идејаа
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
И јас плетам...и сакам да плетам...немам секогаш време ама најдувам некако. Ме научи баба ми и тоа мноогу одамна, кога бев малечка. Си плетевме заедно.
Си имам сплетено шалови, наметки, по некое болеро...
А сега се токмам да си направам еден ваков шал:
Од ова полесно здравје...:)
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,658
5,737
1,153
Можеби на некои 12-13 год. ме научи мајка ми да плетам.
Не сум некој професионалец меѓутоа шалчиња,по некое капче и чорапи знам да сплетам.
Последниве две-три години некако послабо наоѓам време ама сега баш ме потсети Лена да си гo најдам приборот
и таман нешто за зимава може да се изработи.
 
  • Like
Реакции: malo and Lena

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
32
Oхрид
Плетaм шaлoви и кaпи и тoa мнoгу убaви ги имaм мнoгу . Oд лaни немaм сплетенo a и немaм стaвенo кaпa се уште немaм ни виденo никoј дa нoси oти времевo си игра сo нaс