Приватните училишта се океј ако си уште студент и сакаш да заработиш по нешто помеѓу предавања. Но тоа во некое понормално општество каде можеш да заработиш 200 евра на месец со по 3 часа неделно, што не е случај кај нас. Проблемот е што кај нас многупати не само што бараат да си веќе дипломиран, туку и да си достапен 24/7 во случај да треба да замениш некого, да менуваш термини за излезеш во пресрет на ученици што не можат да стигнат на час, дома да спремаш часови и проверуваш домашни. За тоа и 15.000 се премалку бидејќи најверојатно (ќе) немаш работно време и сите други обврски ќе треба да ги преместуваш да не се поклопуваат со часовите.
Да не зборуваме за главоболките и нервозите што идат од „јас плаќам, ќе правам што сакам“ деца (па и возрасни).
Благодарам, никогаш повеќе.