Пет видови храна кои не се препорачливи да се лупат

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Најголем дел од луѓето секогаш би избрале лупено овошје и зеленчук, за да го избегнат непријатниот вкус на лушпата. Скоро никој не ги сака лушпите, затоа што се тешки за џвакање и имаат неубав, понекогаш блуткав или горчлив вкус.
Сепак, постојат некои овошја и зеленчуци кај кои лушпата содржи најмногу антиоксиданси и затоа внесувањето на нивната лушпа ќе ве направи поздрави. Никој не ве принудува да јадете ананас со лушпа, но следниве храни заслужуваат и ви препорачуваме да ги јадете цели.
  • Краставица

    Краставицата е зеленчук кој не треба да го прескокнувате. Освен тоа што е ниско калоричен зеленчук, краставицата има лушпа која е особено корисна. Основната компонента на лушпата на краставицата (силика) помага во формирањето на колагенот на кожата.
    Оваа лушпа нема лош вкус, па затоа наредниот пат кога ќе правите салата ставете ја краставицата неизлупена
  • Јаболко

    Истражување во Cornell University, покажало дека лушпата на јаболкото содржи 87% повеќе фитохемикалии кои се борат против ракот, отколку сочната внатрешност на јаболкото. Лушпата на јаболкото нема лош вкус и лесна е за џвакање.
    Помогнете му на вашето тело да се бори против болестите и јадете го јаболкото цело.
  • Портокал

    Надворешната лушпа на портокалот е богата со д-лимонин, кој е непријател на UV зраците. Според истражувачите на универзитетот во Аризона, Америка, консумирањето на една чајна лажичка изрендана кора од портокал неделно, го намалува ризикот од рак на кожата за 30%.
    Ако не ви е пријатно да ја јадете кората сурова, измешајте ја во салата. Така салата ќе добие убава арома и вие без проблем ќе ја изедете кората.
  • Модар патлиџан

    Лушпата на еден модар патлиџан во просек содржи 300mg насунин, антиоксиданс кој ги заштитува мозочните клетки, 200mg калиум и 13mg магнезиум.
    Ако го јадете овој зеленчук похован, никогаш нема да ја забележите лушпата, а таа ќе се бори за вашето здравје.
  • Киви

    Основните компоненти на лушпата на кивите помагаат во борбата против бактерии како стафилококи и Ешерихија коли. Лушпата на кивите не е пријатна за јадење.
    За да ја внесете без да ја забележите, исечете ја кивата на тенки парченца или измешајте ја во салата.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Јаболко богами е ризик да не го лупам,прскано е скоро секое,а тие што не се прскани сами по себе имаат црви.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Јаболко богами е ризик да не го лупам,прскано е скоро секое,а тие што не се прскани сами по себе имаат црви.
а црвите се во лушпата,па ќе ги излупиш? :giggle барем лушпата од јаболко е најнепримерна при јадење,а има доста витамини :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
а црвите се во лушпата,па ќе ги излупиш? :giggle барем лушпата од јаболко е најнепримерна при јадење,а има доста витамини :)
Вака не знам колку знаеш ама секое јаболко што има црви апоропо е непрскано бидејќи црвот не влага во прскано јаболко со пестициди.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Вака не знам колку знаеш ама секое јаболко што има црви апоропо е непрскано бидејќи црвот не влага во прскано јаболко со пестициди.
не сум многу запознаена околу тие работи...за ова се насмеав
Јаболко богами е ризик да не го лупам,прскано е скоро секое
пошо ако глеаш така,секое овошје се прска...и цреша и вишна и круша и остало :) ај лупи ги црешите да те видам (тие секако имаат црви :giggle )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
не сум многу запознаена околу тие работи...за ова се насмеав

пошо ако глеаш така,секое овошје се прска...и цреша и вишна и круша и остало :) ај лупи ги црешите да те видам (тие секако имаат црви :giggle )
Има посебни стандарди кои ги практикуваат во Македонија увезени од Европа и се викаа органски производи ако не се лажам и исклучиво тоа е и намерата дека не се праскани со гаранција ама малце се троа поскапи
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Има посебни стандарди кои ги практикуваат во Македонија увезени од Европа и се викаа органски производи ако не се лажам и исклучиво тоа е и намерата дека не се праскани со гаранција ама малце се троа поскапи
ја ти зборам за моиве во двор бе,остај сеа ти Европа :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO