Тигриците се едни од наједноставните птици за парење,меѓу папагалите. Има еден куп “одгледувачници“ што продаваат тигрици најчесто вашите се од таму донесени. Иако сум видел доста ги чуваат во катастрофални услови,исхраната е сведена на минимум трошоци - просо, ограничен простор или најчесто затворен темен подрум со една сијалица.Без разлика на лошите услови,овие птици пак се парат,а во последно големопродажната цена достигна и до 350 денари по птица,а порано и по 150 се продаваа.
За да се парат, треба да се знаат неколку работи и да се исполнат некои услови.
Одбрани здрави и сексуално зрели птици.
Добра исхрана пред парење
Голем кафез
Куќарки
Најчесто ги парат во надворешни волиери,тигриците се доста издржливи птици па ги чуваат постојано надвор. Ако ги чувате затворени во кафез,тогаш кафезот треба да е минимум 40 ширина,40 висина и околу 80 должина (димензиите се према стандардните кафези што се продаваат,а можете и да импровизирате)
Се одбираат здрави птици, и секогаш треба да има еден до два мажјаци повеќе од женски.Ова е во случај да има повеќе помладок,останатите мажјаци ќе ги дохрануваат и женките и младите,како што спомнав ова се јатни птици па затоа се “помагаат“.За почеток може да се пробате и со 4 женки 6 мажјаци.
За ова ќе ви бидат потребни 4 -5 куќарки,дрвени.На дното се истура малку пилевина,или сличен материјал за да добие заоблена форма дното и да не се тркалаат јајцата по дното.
Се спремаат птиците пред сезоната за парење,па најдобро е да почните месец јануар.Се дава појачана исхрана,освен стандардната мешано просо,светло семе,лен,баркласови и друго,се дава тврдо варено јајце, мешавина од рендани бисквити,гриз,јајце, спанаќ,јаболко,млечки (нерасцутени глуварчиња) во водата се додаваат 4-5 капки Vitamina E тоа се овие капки од италијански производител со докажан квалитет:
За месец дена ќе почне додворувањето а во меѓувреме треба да ги имате наредено и куќарките.Ќе забележите по малце кавги меѓу мажјаците,ќе забележите како се јаваат, е после јавањето 10тина дена треба да ги несат јајцата.Има случаеви каде несат и до 12 што е екстремно многу а просекот е 3-6.
Температурите во собата не смеат да се ниски,нити превисоки,константно да се одржава температурата,а кога ќе почнат да лежат на јајца,не се даваат витамините во вода,туку стандардната семена исхрана со повремено овошје и зеленчук.После 3 недели отприлика кога младите се испилуваат исхраната повторно се појачува со овошје разно разни семиња,јајчана храна и др. За месец и пол веќе се спремни да ги продадете во некој петшоп за ич пари или да ги поклоните на куп пријатели заинтересирани за гратис папагал.
Многу добро објаснето sphinx голем дел од работиве ги имав прочитано ама ова за исхраната не го знаев освен тоа со јајцето.од вчера една женка почна да 'лежи' во куќарката а предтоа нејкеше ни да влезе 5 месеци,па ке видиме. Поздрав