Парење кај папагалите - тигрици

toby2

Полноправен Член
16 мај 2013
59
21
8
Тигриците се едни од наједноставните птици за парење,меѓу папагалите. Има еден куп “одгледувачници“ што продаваат тигрици најчесто вашите се од таму донесени. Иако сум видел доста ги чуваат во катастрофални услови,исхраната е сведена на минимум трошоци - просо, ограничен простор или најчесто затворен темен подрум со една сијалица.Без разлика на лошите услови,овие птици пак се парат,а во последно големопродажната цена достигна и до 350 денари по птица,а порано и по 150 се продаваа.

За да се парат, треба да се знаат неколку работи и да се исполнат некои услови.
Одбрани здрави и сексуално зрели птици.
Добра исхрана пред парење
Голем кафез
Куќарки

Најчесто ги парат во надворешни волиери,тигриците се доста издржливи птици па ги чуваат постојано надвор. Ако ги чувате затворени во кафез,тогаш кафезот треба да е минимум 40 ширина,40 висина и околу 80 должина (димензиите се према стандардните кафези што се продаваат,а можете и да импровизирате)
Се одбираат здрави птици, и секогаш треба да има еден до два мажјаци повеќе од женски.Ова е во случај да има повеќе помладок,останатите мажјаци ќе ги дохрануваат и женките и младите,како што спомнав ова се јатни птици па затоа се “помагаат“.За почеток може да се пробате и со 4 женки 6 мажјаци.
За ова ќе ви бидат потребни 4 -5 куќарки,дрвени.На дното се истура малку пилевина,или сличен материјал за да добие заоблена форма дното и да не се тркалаат јајцата по дното.

NestBox06.jpg


DSCN0047.jpg


19380.jpg


1_722451690l.jpg


DSC04960.JPG


Се спремаат птиците пред сезоната за парење,па најдобро е да почните месец јануар.Се дава појачана исхрана,освен стандардната мешано просо,светло семе,лен,баркласови и друго,се дава тврдо варено јајце, мешавина од рендани бисквити,гриз,јајце, спанаќ,јаболко,млечки (нерасцутени глуварчиња) во водата се додаваат 4-5 капки Vitamina E тоа се овие капки од италијански производител со докажан квалитет:

padovan-vitamina-e-1425453_big.jpg


За месец дена ќе почне додворувањето а во меѓувреме треба да ги имате наредено и куќарките.Ќе забележите по малце кавги меѓу мажјаците,ќе забележите како се јаваат, е после јавањето 10тина дена треба да ги несат јајцата.Има случаеви каде несат и до 12 што е екстремно многу а просекот е 3-6.
Температурите во собата не смеат да се ниски,нити превисоки,константно да се одржава температурата,а кога ќе почнат да лежат на јајца,не се даваат витамините во вода,туку стандардната семена исхрана со повремено овошје и зеленчук.После 3 недели отприлика кога младите се испилуваат исхраната повторно се појачува со овошје разно разни семиња,јајчана храна и др. За месец и пол веќе се спремни да ги продадете во некој петшоп за ич пари или да ги поклоните на куп пријатели заинтересирани за гратис папагал.

Многу добро објаснето sphinx голем дел од работиве ги имав прочитано ама ова за исхраната не го знаев освен тоа со јајцето.од вчера една женка почна да 'лежи' во куќарката а предтоа нејкеше ни да влезе 5 месеци,па ке видиме. Поздрав
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Нема веза тоа што лежи,може да им се виде занимлива,парењето оди по следната процедура:

Кога се спремни птиците (а претходно чувани заедно во кафезот и привикнати на него) се јаваат.
После тоа доаѓа несењето јајца,и женката влегува вкуќарка понервозна е а кога го снесува првото јајце,следниот ден го лежи а некои по трето јајце,зависи од папагалот.
Лежи на нив и не излегува од куќарка освен повремено за јадење вода или да се растреси.Ако излегува пречесто,тоа пиле не е во ред за парење и може да лета во петшоп или да го чуваш во посебен кафез за занимација.
Мажјаците доаѓаат постојано до куќарка и ги хранат повремено женките.
Кога младите се излезени,истото се случува само и женското излегува почесто.
Птиците излегуваат,се вади куќарката полна г**на,се чисти добро,и следно парење по 2-3 месеци.Ако се чуваат во волиера,само се чистат и нонстоп стојат куќарките,и одгледувачите имаат нон стоп млади тигрици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: toby2

elenamk

Нов член
21 април 2014
2
0
1
33
здраво , имам нимфа папагал женка . ама никогаш не е спарено, ми снеси 5 јајца незнам што да правам со нив ако може некој да ми кажи ..поздрав !
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Мм да не е двополова, сама да се оплодила ..(facepalm)
 
Последна промена:

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Како е можно тоа .што да правам ?

Несењето јајца е нешто во стилот на “менструација“ што ја добиваат жените.Во превод, јајце клетката се создава.Ако во одреден период не биде оплодена од мажјак,ќе биде исфрлена (снесена) како неплодна јајце клетка.Можеш комотно да си направиш кајгана или да ги вапцаш за велигденот. Следната година пак ќе ти снеси.
 

Martinnnnnnnnnnnnnnnn

Нов член
29 мај 2014
2
0
1
26
имам два папагали тигрици ги чувам веќе две години и сега им ставив куќарка еве вака ја напраив однатре? таман ли е и ако може подетално да ми објасните
 

Прикачувања

  • 20140528_201212....jpg
    20140528_201212....jpg
    509.1 KB · Прегледи: 18

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
имам два папагали тигрици ги чувам веќе две години и сега им ставив куќарка еве вака ја напраив однатре? таман ли е и ако може подетално да ми објасните

Таман е.Уназад подетално е објаснато,како со исхрана,кога ќе почнат да се парат и други процеси.Може да им биди играчка а може да ја користат во правата намена за парење,ако им е дојден периодот за парење и ако си ги спремил претходно.
 

Martinnnnnnnnnnnnnnnn

Нов член
29 мај 2014
2
0
1
26
Таман е.Уназад подетално е објаснато,како со исхрана,кога ќе почнат да се парат и други процеси.Може да им биди играчка а може да ја користат во правата намена за парење,ако им е дојден периодот за парење и ако си ги спремил претходно.

сабајле станувам и ги гледам папагаливе односно глеам како мажјаков ја јавнал женката... потоа заврши работа и се тргна и ме зачуди сеа па го гледам ja јавнал нели само еднаш и толку? или ??