Парадоксот на нашето време

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Имаме пошироки патишта,а потесни видици,
имаме поголеми куќи,а помали семејства,
повеќе удобности,а помалку време за уживање.
Имаме повеќе жители, а се помалку луѓе,
повеќе дипломи,а помалку разум,
... повеќе знаење,а помалку размислуваме,
повеќе стручњаци и повеќе нерешени проблеми,
повеќе доктори,но се помалку здравје.
Пиеме премногу,пушиме премногу
но премалку се смееме.
Премногу зборуваме,премалку сакаме,
пречесто мразиме !

Каде се изгубивме...? Дали заборавивме кои се вистинските вредности?

Зошто едноставно не се препуштиме на љубовта,прегратките,бакнежите,наслевката..?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Созреавме!!!???
Никогаш не сум се откажала од љубовта и прегратките.
Модернизацијава одзема многу ситни задоволства а ги претвори големите во ситни и мизерни.
Вредностите на животот сите сме сведоци дека пополека генерациски се губат и доагаат нови,за кои новиве генерации ваљда сметаат дека се добри штом ги прифакаат и немам ништо против тоа,а и да имам исто ми се фака,ништо нема да можам да сменам.
Единствено што можам да направам е да влијаам колку што можам на моите во иднина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Имаме пошироки патишта,а потесни видици,
имаме поголеми куќи,а помали семејства,
повеќе удобности,а помалку време за уживање.
Имаме повеќе жители, а се помалку луѓе,
повеќе дипломи,а помалку разум,
... повеќе знаење,а помалку размислуваме,
повеќе стручњаци и повеќе нерешени проблеми,
повеќе доктори,но се помалку здравје.
Пиеме премногу,пушиме премногу
но премалку се смееме.
Премногу зборуваме,премалку сакаме,
пречесто мразиме !

Каде се изгубивме...? Дали заборавивме кои се вистинските вредности?

Зошто едноставно не се препуштиме на љубовта,прегратките,бакнежите,наслевката..?

Затоа што се бесплатни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: simplicity013 and Scars

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Треба да се има рамнотежа. Треба да се најде време за се што се сака да се направи, па и само еднаш во животот тоа нешто да се направи. Зошто да не се ужива во големи куќи, пиење, пушење...? Ама треба во преден план да се стави љубовта, грижата, нежностите, семејството, здравјето...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: simplicity013 and Saladin

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Колку е топло времето, а колку се ладни луѓето.
Вистинските вредности се нематеријалните, зависно кој знае како да ужива во истите.
До пред извесен период тврдо стоев на ставот дека пустите проклети пари се нашата цел, дека се темел на нашето битие, дека тие гарантираат квалитетен живот, дека се над духовната желба. Но кога човек ќе осети на своја кожа дека во моментот има потреба од нешто далеку поголемо, поегзотично, адреналинско, недостиг или престиж, материлајностите претставуваат ирелевантна ствар.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Колку е топло времето, а колку се ладни луѓето.
Вистинските вредности се нематеријалните, зависно кој знае како да ужива во истите.
До пред извесен период тврдо стоев на ставот дека пустите проклети пари се нашата цел, дека се темел на нашето битие, дека тие гарантираат квалитетен живот, дека се над духовната желба. Но кога човек ќе осети на своја кожа дека во моментот има потреба од нешто далеку поголемо, поегзотично, адреналинско, недостиг или престиж, материлајностите претставуваат ирелевантна ствар.

I think this was a really good quote. :)
И многу те поддржувам овде.
А и многу се жалиме за разлика од тие што стварно немаат. Многу зборуваме, а малку имаме што да кажеме. (барем повеќето)
Искрено, се повеќе мислам дека ќе се навраќаме кон првобитното општество, со луѓето од пештерите. Веќе не можам некои да разликувам дали се модернизирани или всушност се неандерталци.
Материјалностите се всушност илузија за моќта. Ако некој ги нема, нема ја моќта.
Премногу се нервираме за ситни работи, некои безвезални.. Трошиме го скапоценото време за мешањето, замарањето за туѓи животи. Можам да набројам уште многу и многу и мнооооогу работи кои колку и да зборуваме дека НЕ треба да се прават, сепак ќе се прават. Затоа што сме луѓе, секакви луѓе, затоа што така функционираме.

Иако длабоко во душата посакувам да се случе геноцид. :) Не мора апокалипса, планетата е прекрасно место за живеење :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Morticia. еднаш прочитав една убава мисла која гласеше вака- You live once, but if you do it right once is enough.
Колку едноставна а колку вистинита. Да си добар и хуман ќе оставиш име зад себе, ќе оставиш впечаток да некои те споменат со позитивна мисла. Да упатиш благослов и посакаш добар ден, да подариш комплимент резултира топлина во душите на примателите, со позитивна карма како појава го запираш времето и просторот. Далеку е подобро да почустуваш љубов, да љубиш и да те љубат ,одколу да осетиш книги во џебот. Ако човекот е мудар, му се даде да избере и направи разлика ,да ги разграничи материлајната на една и нематерилајната потреба од друга страна, ќе посегне по нематеријалната.
Иначе не посакувам да се истребат пештерците, нека живеат но нека се едуцираат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Morticia.

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Нашево време изобилува со многу работи кои ниеден век до сега ги немало.Но и во вакво изобилство од се и сешто,луѓето се несрекни,живеат во немаштија,без радост и живост на лицата.Развојот на технологијата и напредокот на цивилизацијата неминовно донесе и многу душевни проблеми.Парите биле створени порано да им служат на луѓето,но денес ние,луѓето,им служиме на парите.Тие можат да ни го усреќат животот,но изгледа се повеке не прават несрекни.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Фанатицизам како резултат на страв, сите во свој филм судејќи на другите, добро е што во последно време не гледам ,,на комшијата да му умре козата". Излез во пороци и правење ќеф исклучиво сексуално. Брза храна, уште побрз метаболизам. ,,Јадам, а не се дебелеам" епа нормално кога дозата трева е поголема од вообичаено. И на сето ова, ниту најсилниот, ниту најсреќниот ќе преживее, ќе преживее само оној со способност да се адаптира. :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja