Охридски речник

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Турист со жената влегвит во охридски кафич и го викат келнерот:
-Ве молам, две кафиња. Едно погорчливо и едно послатко.
-Истовремено?!- прашува зачудено келнерот.
-Се разбира.
-Не можит, Господине, немаме ѓезве со преграда!
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Почнаа подготовките за утрешниот охридски најголем празник Водици. За сите пријавени освен маици, доделени се и фраери од црвен крст да ги прочитаат правилата за да не дојде до некое несакано дејствие. Извршено е и подводно чистење каде ќе се фрла светиот крст, еве доказ:
nurkacci.jpg
:D


Ќе се надмине гинисовиот рекорд со неворојатни 3 тони рибна чорба:zelen а за топла ракија сеуште не се знае колку ќе се испие:zelen
Крстот ќе се фрла од бродот Александрија и ќе го фрлат Дедо Мраз што секоја година ги погодува истите луѓе, беспрекорен е.(muscle)
EMI_4822%20%5B1280x768%5D.jpg

Иначе мислам дека се пријавени над 1000 учесници , и ќе скокнат уште дупло толку непријавени што ќе ги пукнит ракијата во глава....и тоа е многу нација поготово ако и ти си начукан и ти се гледаат тродупло , ќе помислиш дека имат 10 000 нација во 700 квадрати кај шо играат ветерполо.
Фаќачот на крстот ќе добие и рачно изработен дрвен крст од регионалната занаетчиска комора на општина Охрид.
Али за сите да знаат еве Точко наш шо сака да кажит:
Со оглед на тоа што прогнозите покажуваат дека ќе имаме доста силен ветер и разбранувано езеро, очекуваме сите оние кои ќе учествуваат на оваа манифестација како капачи, да ги почитуваат препораките од нашите тимови. Само така, овие два настани ќе поминат без последици. Температурата на водата е релативно ниска, односно изнесува 9.5 Целзиусови степени. Додека на воздухот, се движи околу нулата.
Алкохолот повеќекратно ја намалува температурата на телото. Кога ќе се напиеме алкохолен пијалак, чувството на топлина е само површинско. Крвните садови се шират, а топлината побрзо излегува од телото. Иако делот на пристаништето каде ќе се фрла крстот е исчистен, пожелно е сите капачи да носат обувки. Исто така, едукативните флаери кои ги делиме заедно со пријавата, содржат насоки како да се укаже прва помош во случај на хипотермија или губење на свеста.
- вели Точко.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Од рано утрово па се до предмалку во охридското село Куратица полицијата спроведе голема акција. Во селото пристигнал поголем број припадници на МВР кои дошле со седум возила во селото.
Kако што јинформираат од МЗ Куратица, според претходни полициски сознанија за сторени кривични дела на лица од Куратица, во нивните домови во текот на целиот ден полицијата детално го истражувала секој простор при што пронајдени се разни видови украдени предмети од бела техника па се до лап топ компјутери - јави телевизијата Морис .
@foREVer ја сардисаа Куратица.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Викет лабудине оделе кај паткана ради поштовање и колегијалност, ами как да не -скопјанска работа, паткана не е лебед то ти е нешо измеѓу лебед и гулаб (или по скопски лабуд и голуб), колку да се напрајт мајтап од кафичиве наши...башка и не е смешно само е саркастично.... пак ќе речам море луѓе скопјанци : ни си ги пикајте мадината на менгеме мојт да ви ги стегнат и многу смешно да ви паднит.
Пак оние од владана како ме изнервираја еднаш ко ги напраја тие анти рекламите на јутубон за туризмов наш, со еден малоумен глумец , (не знам дали е вистина ама викет дека од дискавери го зеле) и најмиле уш некој таму да глумат анти кенлери , анти домаќини, анти продавачи. А јас пак до сега такви не сум видел, ама во Скопјено некогаш ко ќе дојдам - не дек сакам да одам, туку чисто информативно да проверам до кај им е кислородон и ќе влезам во некој кафичи и полсат мафтај по то кенљерките- ооо моме , дај ма нешо дој послужине... и таа само се муртит и пак не идет, сигурно во себе си викат: оф леле охриѓаништа сељачишта, сега ќе видат како се наплаѓат овде- скопско пиво 130 денари, абсолут водка 200...амори моме ќе платиме ние, ама вие поскапи и од кај нас сте биле...ам како сакате бе вие буљаши , не гледаш специјален гостин ни е Џони Лајв, ова е море Ванила а не кај вас Кубалибре или Дон Вито.

Постов е резултат на ривалство- не е намерата да ве провоцирам.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Остај Мајоре, нашиве келнери не чинат, а сеа последно ко бев Скопје (чисто службено), ме однесоја џо во некој кафич, то кутро дете и келнер и шанкер беше, а кафичот на два спрата. Ама ние сме тие шо не чинат. Аку. :D