Ја обожавам Грција и за мене оваа земја е рај.
Воопшто не ме интересира политика и било какви патриотски лупања во гради. Сум работела 7 години таму по ред секое лето и би го правела тоа доживотно да немав работни обврски овде
Што се однесува до островите, на Крф одам веќе две години по ред и сум воодушевена. Вистински рај. Се што ве интересира слободно прашајте ме. На кратко - патот до таму е совршен писта среден нов се поминува низ планински превои затоа има многу тунели. Има од прилика 500km. Траект се фаќа во Игуменица - има две можности: Ако сте сместени во северниот дел фаќате траект до главниот град КРф кој обично е нешто поскап, а за во јужниот дел до Лефкими.
Цените за сместување се различни во зависност од место до место но се наоѓа од 8-9 евра на ден па нагоре. Најубаво е да одите со кола, но и да сте со автобус да изнајмите кола, веспа или оние на 4 тркала малите колички затоа што нема поента да одите на островов ако не ги посетите сите сокриени плажи и места.
Според мене најубава плажа е Маратиас (Санта Барбара) во јужниот дел, Барбати е преубава со камчиња и кристална но студена вода, Глифада од песочните, Палеокастрица за нуркање, Сидари има посебен шмек и заливот на вљубените...Цените на храна и лежалки се поевтини од Халкидики, морето е преубаво, имате можности за крстарење до соседните островчиња Паксос и Антипаксос, и низ пештерите....ух, феноменално е.
Можам книга да напишам за островов, топло ви го препорачувам така што прашувајте што и да ве интересира - се знам!
Воопшто не ме интересира политика и било какви патриотски лупања во гради. Сум работела 7 години таму по ред секое лето и би го правела тоа доживотно да немав работни обврски овде
Што се однесува до островите, на Крф одам веќе две години по ред и сум воодушевена. Вистински рај. Се што ве интересира слободно прашајте ме. На кратко - патот до таму е совршен писта среден нов се поминува низ планински превои затоа има многу тунели. Има од прилика 500km. Траект се фаќа во Игуменица - има две можности: Ако сте сместени во северниот дел фаќате траект до главниот град КРф кој обично е нешто поскап, а за во јужниот дел до Лефкими.Цените за сместување се различни во зависност од место до место но се наоѓа од 8-9 евра на ден па нагоре. Најубаво е да одите со кола, но и да сте со автобус да изнајмите кола, веспа или оние на 4 тркала малите колички затоа што нема поента да одите на островов ако не ги посетите сите сокриени плажи и места.
Според мене најубава плажа е Маратиас (Санта Барбара) во јужниот дел, Барбати е преубава со камчиња и кристална но студена вода, Глифада од песочните, Палеокастрица за нуркање, Сидари има посебен шмек и заливот на вљубените...Цените на храна и лежалки се поевтини од Халкидики, морето е преубаво, имате можности за крстарење до соседните островчиња Паксос и Антипаксос, и низ пештерите....ух, феноменално е.
Можам книга да напишам за островов, топло ви го препорачувам така што прашувајте што и да ве интересира - се знам!










Па скоро секоја година одам таму на одмор и не се занимавам со политика
Сум била: Полихроно,Крф,Неа Врасна,Неа Пори,Неа Потидеа... не ми текнува баш сега на сите места али би сакала да појдам Санторини
ops: