Особенитостите на средновековната литература наспроти епохата на хуманизмот и ренесансата

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Средниот век во историјата на човештвото е запаметен како еден „мрачен“ период во кој е целосно ограничена визијата на човекот за светот.
Едноставно човекот не живее како единка важна сама по себе, тој се претопува во толпата на христијанството.
Овој период влијанието на христијанството и на самата црква е преголемо.Тие на обичниот човек му налагаат, односно му даваат една сосема погрешна слика за земниот живот, упатувајќи го на тоа дека своите гревови ќе мора да ги плати за да си обезбеди свое место во рајот.
Сите знаеме дека нема безгрешен човек и со таквата мисла во главата на тогашниот човек, црквата станува најголем феудалец во средниот век.

Но со почетокот на XIV век работите веќе почнуваат да се менуваат.
Настапува еден нов период наречен хуманизам, кој всушност претставува еден преоден период од средновековните сфаќања на човекот за животот, до една сосема поинаква претстава за вредностите на земниот живот.
Хуманизмот укажува на тоа дека човековиот живот е вреден сам по себе и дека треба да се почитуваат и бранат неговите права, неговите желби и потреби.
Луѓето повеќе не веруваат во задгробниот живот како место каде што ќе плаќаат за своите гревови, тие веќе почнуваат и телесно и мисловно да го живеат земниот живот.
Не се плашат да ги искажат своите чувства и своите потреби.
Погледот на човекот се свртува кон една поинаква уметничка и научна страна.Голем е бројот на пронајдоците од тогашно време.
Особено се почитуваат поетите, оние кои што твореле, сметајќи дека тоа е Божји дар.Најмногу се пишуваат љубовни песни и епски форми во стих и во проза и тоа на латински јазик.

За разлика од хуманизмот, ренесансата ја претставува вистинската преродба на целокупниот тогашен општествен развој.
Не постои некоја јасна граница помеѓу хуманизмот и ренесансата, всушност хуманизмот претставува една духовна основа на ренесансата.
Овој период започнува од XV век.Во тоа време луѓето почнуваат повеќе време да обрнуваат на убавината и грациозноста на човековото тело.
Сето тоа го искажуваат преку уметноста, сликарството и вајарството.
Се оформува веќе онаа вистинска слика за реалноста на човековиот живот.

И хуманизмот и ренесансата оставиле големи траги во историјата на човештвото, се паметат како едни преодни но и многу важни периоди кои помогнале во искоренувањето на црковните догми кои имале преголемо влијание врз самиот човек.
.......................................................................................

Како едни од најважните периоди запаметени од човештвото, мене ми претставуваат една многу добра енигма па затоа и се одлучив да се произнесам и да ги кажам своите видувања на оваа тема со оглед на моите сепак скромни познавања.
Дали вие се согласувате со горе кажаното, дали би додале нешто?
Кое е вашето мислење по повод оваа тема, дали сметате дека можеби сеуште несвесно на некој начин живееме во некоја извртена реалност, поточно под влијание на тој Среден век?
Дали можеби несвесно и ние како роботи под влијание на „вишите сили“ го пуштаме својот чекор или сепак сами сме свои господари?
Од друга страна колку ја милувате онаа страна за животот која ја даваат хуманизмот и ренесансата, колку вие милувате да ја негувате уметноста, колку вие му се воодушевувате на човековото тело?
Кога би бирале, кој период од историјата би го одбрале како дел од својата личност?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Прво пофалби за темата.
Средновековната литература... Ах, Библија, пофално слово, Јуначки епови, Апокрифи, и уште неколку слични литературни форми кој што се негувале во тој период.
За мене тоа е еден период полн со празнина.
- малку чудна реченица. Ама сега ќе се објаснам.
Тоа е период каде што...скоро никаде не можам да го видам она уметничкото. Она што би ме натерало да читам читам и читам и да не сакам да станам од книга.
Далеку од тоа дека средновековната литература не оставила длабоки печати во понатамошната литература.
Да не го занемарам фактот дека Библијата се’ уште е најчитано дело(според ранг листата).
Сепак...празнината ја гледам во тоа што...писателите не си дозволувале да го пуштат срцето подалеку од црквениот двор и со перото да напишат нешто плус.
Но, секаде има исклучоци...
Во овој период постоеле и оние средновековни романи што всушност биле преводи од античките ремек дела: пример „Илијада“. Исто се создала и „Тристан и Изолда“ - една трогателна романтична сторија. Тука се и „Песните за Сид“ народна литература - дело на Шпанците..

Наспроти оваа средновековна литература, малку понапред стојат Хуманизмот и Ренесансата... Тука ќе бидам пристрасен, затоа што веќе збориме за според мене најдобрата епоха за книжевноста.
Оваа епоха не би била тоа што е денес ако не постоел Данте Алигери. Тој човек, тоа величевство успеал... и покрај влијанието на црквата, и покрај стегите на општеството(морало да се пишува на Латински јазик, што сепак бил многу малку разбирлив за неуките Италијанци) да напише дело што плени со длабочина и убавина. Ја напишал „Боженствена комедија“
Ќе ја искористам реченицата што ја употреби Сара.13 : Данте Алигери не работел како робот само и само под влијанието на „вишите сили“ туку дозволил неговото срце да биде негов господар.
Човекот се’ уште имал во себе некое силно чувство дека треба да се пишува за нешто што го обработува религијата, но...тоа толку вешто го направил, што си дозволил сам да ги смести сите починати личности во историјата да ги смести во „Чистилиштето“ и „Пеколот“, за на крај...да ја најде неговата Бетариче(неговата голема платонска љубов)пред нозете на Дева Марија и Исус во „Рајот“.
Тоа е голем чекор, голем напредок. Затоа што им покажал на луѓето дека и она што е пропишано од црквата човек може да си го толкува на свој начин. Тој...во неговата Беатриче гледал светица, и тоа го опеал...
И тој негов потег според мене е вреден за восхит.
Да не го заборавиме и Петрарка претставник на предресенасниот период. И да не го ја заборавиме неговата „ Канционерот“ и неговата муза Лаура...
И тој како Данте не се срамел да каже дека сите негови зборови се директно посветени кон жена, кон љубов.

Тоа е онаа вистинска преродба според мене... Ако претходно луѓето твореле восхитувајќи се кон Бог, прекрасен задгробен живот - во периодот на Хуманизмот и ренесансата писателите си дозволиле...да најдат нова муза, и си дозволиле да творат восхитувајќи се на човечко битие...
Затоа според мене овој период е најдлабок и најважен во историјата на книжевноста.

А кога...би бирал некој период од историјата на книжевноста...за да ја опишам мојата личност...Хм, тешко прашање...
Би правел можеби некоја чудна комбинација од општи карактеристики на неколку епохи: Хуманизам и ренесанса; Класицизам; Апсурд.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Арно шо сме излегле од инквизицијата ама како шо тргнале работиве изгледам Македонија и се враќа од некои аспекти. Можеби за некои неприфатливо но за мене лично црквата треба да остане во доменот на духовноста. Кога ќе се помешаат државноста и црквата тогаш луѓето искусуваат една голема дискриминација и затвор на сопствените моќи . Тоа се случува и во темното доба. Сите знаеме дека во тој период од историјата забранети се сите научни напредувања, даноците што ги воспоставува црквата се преголеми и секој еден кој што ќе се осмели да противречи на законите на црквата ќе се соочи со пеколот ( невини мажи , жени , деца - синови на сатаната се палени и мачени безмилосно. Медицината исто така во тоа време се смета за вештерство а алтернативната медицина за паганизам. За литературата и мене исто ми се познати оние дела кои што се наведени погоре, пред да процветаат хуманизмот и ренесансата, пред да почне онаа преродба на човековиот разум и дух, пред да се срушат сите оние стеги на средновековието. Ги почитувам творците од овие периоди, особено Алигиери кој на многу импресивен начин ја доловува смислата на животот и многу живописно ни ги претставува своите дела. Тие периоди некако се клучни за развитокот на уметноста, на знаењето, на географските откритија , на медицината. Народот едноставно речено почнува да диши , почнува да мрда да се движи..да го исткае сето она за кое што бил предупредуван дека е грев да го прави. Затоа ако можам вака да се изразам ренесансата се расфрла со славење на нудизмот претставен како голотија како слобода, како крик на ослободена птица...меѓутоа сето тоа во граници на еротска но естетски одмерена убавина.

Доколку би бирала период за да би се сместила себе си некаде би ги одбрала Егзистенцијалистите можеби како подлабок опис на се она што го носам јас во себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Arkantos

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А особенитостите на средновековната литература се...? Јас никаде не ги прочитав. Јас видов само компарација на црковното влијание врз животот на единката во средниот век наспроти влијанието -//- во хуманизмот и ренесансата. Литература прочитав само во насловот.

(и тоа со влијанијата веројатно авторката мислела на влијанието на католицизмот, зашто на исток не се случувало тоа што е опишано во првиот пост)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: J'adore Paris

J'adore Paris

Нов член
19 септември 2013
19
8
3
Оти како што пишал челтнот над мене литература видов само во наслов,јас ќе се обидам да ги напишам карактеристиките на литературата,

Во литература јас најпрво разграничувам светска и македонска литература:
За светската(период од 5-15 век)
општествените услови како вовед веќе ги има напишано над мене, е сега средновековната литература подразбира 2 типа на литература и тоа: онаа црковна и уметничка литература-средновековна и ренесансната литература.
  1. Црковната литература,канонскалитература:молитва, пофално слово,житие.. тука нема за што да пишувам за особености
  2. уметничка литература:Апокрифи,средновковни раскази,средновековен романи и јуначки еп
  3. ренесансна литература:
  • предренесанса и ренесансна литература(12. - 14. век):
- отфрлување на средновековната идеологија;
- верба во човекот (а не во натприродни суштества);
- љубов кон животот на земјата (а не задгробен живот);
- создавање оригинална литература со мотиви и теми од секојдневниот живот;
- пишуваат на латински јазик (ова го имам сретнато во некаде и како неточно затоа не сум сигурна)
-осврт кон човековите чуства,љубов
-слобода на жената(расказите на бокачо)
-замена на бог со авторитетен човек
-мотив на претскажување
-појава на петраркизам,следење на петрарка,секако малку подоцна после него
Данте Алигиери, Џовани Бокачо и Франческо Петрарка
  • доцна ренесансата(15. век и трае во 16. век)
- зацврстување на вербата во слободниот човек, а не човек кој се подготвува за задгробен живот;
- во школите и универзитетите се воведува природни и општествени науки;
- се развиваат сликарството, вајарството, архитектурата во кои се посветува внимание на убавината , грандиозноста, пространството
- во литературата темите се црпат од секојдневниот живот;
- пишуваат на народен јазик.
-во англија пишување на сонети,пасторални романи и драми
-осврт кон античка и германска митологија(шекспир)
Главни претставници се: Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес, Лопе де Вега (Шпанија), Лодовико Ариосто, Торквато Тасо (Италија), Рабле,Вијон.
во македонската литература(9-18 век)mk srednovekovna.JPG
сакав да се потсетам што имаше од средновековна литература кај нас и наидов на ова-сликата кажува се, значи кај нас целосно доминира онаа црковна литература и манастирски школи​
ние во овој период едвај писмо создаваме,па дури и тоа ни е поврзано со црквата​
е сега
Дали вие се согласувате со горе кажаното, дали би додале нешто?
Да се согласувам но некако се обидуваш да ги одделиш хуманизмот и ренесансата
хуманизмот е осврт кон човекот, а ренесансата-преродба,промената што настанува како последица од освртот кон човекот, знчи тие 2 поими мене некако ми се нераздрливи,имаат некако причинско-последична врска
Кое е вашето мислење по повод оваа тема, дали сметате дека можеби сеуште несвесно на некој начин живееме во некоја извртена реалност, поточно под влијание на тој Среден век?
не апсолутно не сметам, денсе точно си се знае што е човек, што е религија,човекот си е рационален,свесен,одговорен за своите постапки
Од друга страна колку ја милувате онаа страна за животот која ја даваат хуманизмот и ренесансата, колку вие милувате да ја негувате уметноста, колку вие му се воодушевувате на човековото тело?
најпрво сметам дека човечкото тело нема ама баш никаква врска со уметноста, да тоа било мотив на многу ренесансни дела во уметноста, ама само тоа-мотив, идеата на тие дела е сосем друга,идеата е да се истакне човекот над господ, да се скршат правилата и она што црквата дефинирала како грев
Кога би бирале, кој период од историјата би го одбрале како дел од својата личност?
антиката или можеби класицизмот