Олимпијада Лондон 2012

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Usain-Bolt-has-lost-all-respect-for-Carl-Lewis-TO21ONR9-x-large.jpg


Не знам што да кажам за човеков, машина!!!!!
Мене ми е многу мило што живеам во ерата на Фелпс и Болт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Колку сакам Бразил да ги победат Русиве (одбојка). Подобри се, али незнам што им стана сега. :(
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Американците како и на секоја Олимпијада, пак со победа во кошарката против Шпанија со 100-107. Следно е финалето во ракомет мажи Франција и Шведска.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Франција ја победи Шведска во ракомет за мажи и освои злато.
Русија го победи Бразил во одбојка за злато.
Англија ја победи Италија во бокс - злато.
Мексико го победи Бразил во финалето.

Другите спортови незнам како се. Моментално е затворањето на Олимпијадата.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ракомет за жени победи Норвешка,Америка победи во ватерполо и кошарка за жени,одбојка за жени Бразил ја победи Америка.Најмногу златни медали има Америка 46,Кина 38,Велика Британија 29.Затворањево е прекрасно исто како отворањето.19 дена многу брзо ми поминаа сега ќе чекам уште 4 години,во Бразил дај боже и ние да земеме некој медал:)
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Прекрасно! Штета што ќе заврши ептен ми беше интересно. Денес не бев во можност да гледам многу, имав време само да го изгледам натпреварот меѓу САД и Шпанија во кошарка и беше јако, Шпаницте се држеа, резултатот беше тука некаде. Јас бев за шпанците иако знаев дека американциве секако заслужено ќе победат.

Ова затварањето исто малку го фатив (голем минус за мене), штета што Роби им откажал, ама ајде оправдано му е нели. :) Ама затоа Квин (y)
Во секој случај навистина уживавме сите мислам, прекрасно беше и организација и се‘, само помпезни епитети имам и тоа е.
За четири години во Рио да се надеваме ние дека ќе бидеме многу побројни.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Море фала богу заврши овај олимпијада ке можу да си гледам филмови на раат и ке можу нешто друго да гледам на тв освен тија црнци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Море фала богу заврши овај олимпијада ке можу да си гледам филмови на раат и ке можу нешто друго да гледам на тв освен тија црнци.

Ма даааааајјјјјјј (facepalm) Напор невиден беше и за нас просечните жени ова олимпијадава да ти кажам, изнагледавме еден куп жени без целулит. (think) (wasntme)

Ајде сега народе слободно навалете на турските серии :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Wild.One and WomanInRed

Fairytale

Нов член
12 август 2012
4
5
3
Натпреварувачкиот дел од олимпијада заврши. Приматот на најуспешна нација на овие 30-ти олимпсики игри повторно го презеде САД откако во Кина еба второпласирани. САД е најуспешна нација со вкупно освоени 104 медели од кои 46 златни, 29 сребрени и 29 бронзени. На второ место се најде Кина со освоени 87 од кои 38 златни 27 сребрени и 22 бронзени медали. Третото место е за домаќинот Велика Британија со вкупно 65 медели од кои 29 златни, 17 сребрени и 19 бронзени медали. На четвртото место се наоѓа Русија која по вкупниот број на медали е на трето место но поради послабиот број на злата се рангирани како четври. Нивниот сооднос на медали е:24 злата, 25 сребра и 33 брознени медали, или сењвкупно 82 медали.
Главен лик кој ја обележа оваа олимпијаде беше пливачот Мајкл Фелпс која на овие ОИ успеа да стане најуспешен спортист во историјата на олимпијадите о вкупно освоени 22 медали(18 златни, 2 сребрени и 2 бронзени). Во пливањето исто така добро претставување имаа младите плаивачи Шивен Је од Кина и Миси Френкилн од САД. Од пливачите одлично претставување имаше Јаник Ањел од Франција.
Атлетиката како спорт ја обележаа 3 спортисти. Харизматичниот Јусеин Болт од Јамајка без проблем успеа да освои 3 златни медали во 3 дисциплини во кои трчаше. Алисон Феликс од САД исто така успеа да освои 3 златни медали. Вреди да се спомне и британскиот атлетичар Мохамед Фарах кој успеа да освои 2 златни медали во најдолгите 2 трки во машка дисциплина(5 и 10км).
Во врска со екипните спортови:Во кожарката и понатаму владеат САД и во машка и во шенска конкренција. Франција и Норешка во ракометот успееја да ги одбранат златните медали од Пекинг. Во одбојка кај жените доминираат Бразилките а кај мажите на трнот застана Русија по одличното финале против Бразил. Во тенисот златен медал во машка конкуренција за миленикот на домашната публика Енди Мареј а кај дамите злато за Серена Вилијамс.
Се на се штотуку заврши една одлична олимпијада . Со медал успееја да се закитат 79 држави. Лошата страна на ова Олимпијада за нас Македонците е што досега го имавме најлошото претставување на кое имавме само 4 спортисти кое беше крунисано со подпресечни изданија. Но колку вложуваш толку и ќе добиеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Wild.One and maarrkooo