Специфичната композиција и дизајн на олимписките медали се строго одредени од комитетот на градот домаќин, но сепак некои правила мора да се запазат:
- Златните и сребрените медали се направени од 92,5 отсто сребро.
-Златните медали мора да бидат позлатени со најмалку 6 грама злато.
-Сите олимписки медали мора да се најмалку 3 мм дебели и најмалку 60 мм во дијаметар.
-Бронзените медали се направени од бронза и прелеани со бакар.
Не секогаш се доделувале златни, сребрени и бронзени медали.
Во 1896 година, победниците на Игрите биле наградувани со сребрени медали, додека второпласираните добивале бронза.
Победниците во 1900 година на Олимписките игри добивале трофеи и пехари, а не медали.
Обичајот да се доделуваат златни, сребрени и бронзени медали почнало во 1904 година.
По 1912 година златните медали почнале да се прават од сребро и само да бидат позлатувани.
Значи, Олимписките медали се повеќе сребрени од златни, но има и медали кои се направени од чисто злато, како Конгренсиот Златен медал и Нобеловиот медал.
Пред 1980 година, медалот за Нобеловата награда беше изработуван од 23 каратно злато, а поновите се од 18 каратно злато, позлатени со 24-каратно злато.