Одговорот

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Секогаш ги бирав темните улички и сокачиња , и правев многу грешки мислејќи дека се грешки. Но што е грешка ? А што не е ? Преамбициозно се фрлав и атом по атом го берев, поставував прашања и лутав до луцидност. Качи се во возот! Качи се во возот ! А'' господинот'' Универзум секогаш ќе се смешка !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Земската мисија на секој човек е да го пронајде своето духовно внатрешно светилиште и со негова помош да искреира битие, достојно за нирванистичко универзумско удостојување.
Дали сме препуштени на случајности или пак на судбински одредености, не знам.
Она што е јасно е дека секогаш имаме избор, подарокот баш од тој Универзум кој е доставен на наша адреса се нарекува свест.
Таа свест е нашиот примарен водич, нашата најмоќна алатка за расудување, за спознавање, за донесување одлуки, за избор.
Кога ќе видиш, се зависи од нас. Она што на крајот од денот што ќе не јадосува е само погрешно одбраната опција во дадена ситуација, а сепак прилика за подобрување и исправање на моментот на незнајност.

Интересна тема за размислување во секој случај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
После толку време го најдов и одговор на ова прашање.
Од времето кога го напишав текстов до сега се изначитав секакви глупости и едно сфатив.Одговорите си ги даваме сами.
Никој,ама баш никој не може да ни ги одговори прашањата кои се поврзани со нас самите.
Сите продаваат вистини,не упатуваат во некој си правец,нудат решенија и бла бла.
Факт е,дека ние самите сме свои психолози,мајстори,ученици и се што ни е потребно за да се движиме понатаму во вистински правец.Универзумот ни нуди решенија,а наше е дали ќе ги прифатиме.
Единственото нешто кое е битно,е да бидеме искрени со самите себе.
Тогаш знаеме што,како,кога и каде.
Е така :)