Одговорот

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Движејќи се од А до Б
по незнам кој пат,
си го поставувам истото прашање
во себе?
-Кој пат е правилен?
-Кој правец да го одам сега?

Случајно го подигнувам погледот,
и пред себе гледам бел камион.
На него реклама,
на која пишува:
"Вие ги дефиниравте вашите цели"...
Неверојатно..
Останувам без коментар .
Останувам без коментар затоа што баш вчера,
по мојот внатрешен дијалог или монолог( не сум сигурна што е)
во врска со истите прашања како денес,истите тие животни прашања,
решив своите цели да ги дефинирам и да ги напишам на лист, само за да ги исфрлам од главава,така да можам
да сум сигурна дека тоа е тоа правилното.
Најчесто кога пишувам,
пишувам автоматски без да размислувам и мислам дека раката само ги пренесува желбите на срцето.
Така и вчера, со целите.
Ги напишав и ги оставив да стојат така, без точно да ги разгледам
и обработам.
И денес, на истите прашања
поврзани со тие дефинирани цели,
добивам јасен и логичен одговор
напишан на камион:)
Мислам звучи смешно.
Но, дали е тоа случајност?
Всушност и не верувам во случајности.
Ништо не е случајно, се си има некоја своја причина
(понекогаш толку нереална и несфатлива за нас)
Се си има некое свое значење,
се е така како треба да биде.
И нашето постоење не е случајно.
Ништо не е случајно,
па ни одговорот на камионот.
Имам некое чувство дека тоа е одговорот кој го очекував од Бог или универзалната енергија.
Ако ги следиме знаците,
кои понекогаш ги имаме пред нас
секој од нас ќе го најде правиот пат,
Универзумот ни го кажува планот
кој го има направено за нас, и нашиот животен пат.
Наше е дали ќе ги следиме знаците и дали ќе го прифатиме
неговиот план ...
Се прашувам, дали е тоа тоа?
Дали е тоа вистинскиот одговор
на моите прашања иако е јасен како ден.
Што ако е само случајност, и се лажам?
Кој е тој што ќе ни го даде вистинскиот
одговор?
И како ќе знаеме дека е вистинскиот одговор?

Прашања милион, а само еден
одговор напишан на бел камион..
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Алхенмчарот?Ако се се случува со причина и не е ништо случајно која е целта на тие случувања што се случуваат по некој логичен редослед?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Алхенмчарот?Ако се се случува со причина и не е ништо случајно која е целта на тие случувања што се случуваат по некој логичен редослед?
Незнам..
Да научиме нешто од сето тоа?
Да веруваме во себе?
Да бидеме силни?
Да веруваме во знаците?
Кој е филмот?
Кој е филмот на целиот овој живот?
Немам појма...
Немам коментар, збунета сум верувај
и тапкам во место.
Не мрдам, ни лево ни десно,
ни горе ни доле...
Мислам дека знам а незнам, мислам дека сфаќам, уствари ништо не сфаќам..
Колку повеќе знам,толку повеќе се губам и ништо не знам.
Добро прашање постави, незнам да го одговорам, затоа што не го
знам одговорот.
Би сакала да има некој мудрец до мене,
и да ми го покаже патот.
Да ми каже, оди го, сигурен е. Нема да згрешиш, нема да паднеш..
Но нема.
Знам дека патот е полн со опасности, докачиња и темни улици .
Знам дека ако згрешам ќе научам од таа грешка.
Уште една лекција на господинот "Универзум".
Но, се прашувам до кога?
До кога така? До бескрај?
И кој е одговорот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and Ghtalpo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Одлична тема за размислување иако уште од старт има еден сеопшт одговор - патот е трасиран, шините се наместени. Единствено ако се има сила и да се прескокнат и да се вози вон нив. Но ако целиот тој живот го посветиме на тоа, не ли самите ние ги поставуваме шините?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Би сакала да има некој мудрец до мене,
и да ми го покаже патот.
Да ми каже, оди го, сигурен е. Нема да згрешиш, нема да паднеш..
Но нема.
Знам дека патот е полн со опасности, докачиња и темни улици .
Знам дека ако згрешам ќе научам од таа грешка.
Уште една лекција на господинот "Универзум".
Но, се прашувам до кога?
До кога така? До бескрај?
И кој е одговорот?

Од грешките се учи нели? :)
Едаш од кога ке научиш нема да згрешиш следен пат,а дали ке ги повториш твое е понатаму..
И како ке се поставиш со сето тоа :)
Сме пагале и сме станувале.
Ние одлучуваме колку време ке сме паднати нели?
Луге сме,грешки правиме,не сме совршенства,не постојат совршенства.
Ако патот не е трнлив не е интересно...напротив,трнливоста е интересна...
И дека со труд ако го изодиш тој пат ке успееш.
Трудот е важен.
До кога?
До кога сам ке дозволиш.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Одлична тема за размислување иако уште од старт има еден сеопшт одговор - патот е трасиран, шините се наместени. Единствено ако се има сила и да се прескокнат и да се вози вон нив. Но ако целиот тој живот го посветиме на тоа, не ли самите ние ги поставуваме шините?
А од каде ќе знаеме во кој правец да ги поставиме шините?
Како да ги поставиме знам,
секогаш се 137 cm измеѓу нив.
Никогаш повеќе, никогаш помалку.
Но правецот?
Од каде знаеме кој е вистинскиот правец?
Дали е лево низ шумата?
Или десно крај реката?
 

Ouroboros

Полноправен Член
4 март 2013
37
10
8
35
Судбината ти ги дели картите ти ги играш, избери едно или лево или десно. Суштината ми е да не се очекува затоа што после има разочарувања, почекај го одговорот сам ке дојде, во вистинското време. Интересна тема... :)
има што да се пишува...
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Судбината ти ги дели картите ти ги играш, избери едно или лево или десно. Суштината ми е да не се очекува затоа што после има разочарувања, почекај го одговорот сам ке дојде, во вистинското време. Интересна тема... :)
има што да се пишува...
Судбината?
Па ако она ги дели нели тоа е судбина и се е предодредено,како да играм коа однапред се знае исходот?
 

Ouroboros

Полноправен Член
4 март 2013
37
10
8
35
Процени кој е исходот и изиграј правилно или грешно, како што сакаш ти ке изиграш нема да изиграш како што ке сакам јас, ако згрешиш после ке ја бараш кривицата во некој друг... Не мораше да ја сваќаш судбината и цел контекст на ова во буквална смисла, свати го симболично...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Судбината?
Па ако она ги дели нели тоа е судбина и се е предодредено,како да играм коа однапред се знае исходот?
Не мора да значи дека се што е предодредено се знае уште од старт. Може да е оредидредено дека ти ќе живееш уште70 години но од каде ти тоа го знаеш?
Јас повеќе би се сконцентрирал дали шините би биле од квалитетен челик кој не `рѓосува, или пак вагонот полн со луѓе. Возот сам ќе си пристигне на последната станица секогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena