После толку време го најдов и одговор на ова прашање.
Од времето кога го напишав текстов до сега се изначитав секакви глупости и едно сфатив.Одговорите си ги даваме сами.
Никој,ама баш никој не може да ни ги одговори прашањата кои се поврзани со нас самите.
Сите продаваат вистини,не упатуваат во некој си правец,нудат решенија и бла бла.
Факт е,дека ние самите сме свои психолози,мајстори,ученици и се што ни е потребно за да се движиме понатаму во вистински правец.Универзумот ни нуди решенија,а наше е дали ќе ги прифатиме.
Единственото нешто кое е битно,е да бидеме искрени со самите себе.
Тогаш знаеме што,како,кога и каде.
Е така
