Зима е, зимовина, грчовита ладовина, помалку снеговина но сепак ново поглавје и Нова година...
Ех, зима.
Ја љубам. Ја обожувам со сите нејзини мириси, студени допири, пустелии од улици, магловити светлини од уличните светилки, мене на некој чуден начин ми го грее срцето.
Ме потсетува на љубов и романтика.
Романтика ми фали...некогаш.
Не мене и на мојата врска, сполај му, мојот господин Либенце знае, вешто, мудро и лукаво да го допре моето срце со неговата специфична романтика.Да ме разгалува..доволно, колку да не станеме две тинејџерчиња со извитоперен бебешки јазик кои си гугукаат и им ги креваат цревата на сите присутни во собата.
Како и да е...констатацијата беше глобална.
Фали бре романтика, фали онаа правата романтика, нешто повеќе од литите фејсбук коментари, исрпувачките навидум љубовно идилични муабети на мсн...фали она што се случува на реално место.
Кога бев мала уживав во расказите на баба ми, кои беа најверојатно малку напрскани со пекмез арома, ама како и да е, идеа неверојатно добро со топли костени и плеталото на баба ми.
Писмата, андолираните фризури, намигнувањата на дедо ми Боро, и нивниот прв бакнеж...
Со каква сласт, со каква доза на умереност е раскажувана таа приказна. Приказна во која има очекувања, неизвесност.
Сега таквите приказни се знаат од почеток.
Тој: Здраво, ти кажал некој дека имаш најсекси газе во цела дискотека?
Таа: Ух...Колку си сладок.
Тој: Овде е гужва, да идеме кај мене.
Следната сцена е веќе позната. Толку ти е романтиката, три реплики и се раѓа љубов која трае и траееее....до следното утро. Подоцна во главно следуваат плачки, кукања, стотици смс, и мал милион песни со одмазничка содржина на ѕид (ако воопшто успеат да си разменат фб).
Не осудувам, не сакам да звучи така. Животот не сум му го подарила никому за да бидам создавач на животни правила.
Само пусто е бре некако, веќе видено и проживеано е...фали онаа трошка на старска убавина шо би се рекло. Сите си дозволивме да не понесе налудничавиот тек на развивање на светот и се во него, или барем тоа ни е најдобар изговор.
Некогаш ми се чини дека заборавивме да бидеме само обични.
Без сите исфорсирани начини да докажеме колку сме оригинални, без сите напори да бидеме модерни и општо прифатени...едноставно, да бидеме едноставни.
Мора да е до транзицијата.
Во времето на другарот Тито немало само гага прошетки низ бившата ни голема југословенска татковина, ами имало и љубов зачинета со романтика.
Ова излагање е само пуста носталгија.
А, за љубовта и нејзиното конзумирање нема дефиниции, нека биде ко што е воља.
Чин чин фор дет...зимата ме потсети, проклетство.