Нека биде...

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Нека биде, рече Господ...
  • ...и ја покри Господ земјата со зелка, моркови, спанаќ, салати, зелен жолт и црвен зеленчук, за да мажот и жената живеат долго и здраво.
  • А ѓаолот ги создаде Марс, Пекабела и Ледои запраша:
  • „Уште малку вишни со мед на сладоледот? “
  • И мажот одговори: „Супер!“, а жената додаде:
  • „Мене, ако може уште само малку вафли со шлаг “.
  • И така добија секој по уште 5 килограми!

  • И го створи Господ јогуртот, за жената да ја одржува линијата која мажот толку би ја сакал.
  • А ѓаволот од жито направи бело брашно, од репката направи шеќер и ги измеша.
  • И жената го замени конфекцискиот број 38 со 46 !
И рече Господ: „Пробајте ја мојата свежа салата од градината “.
  • А ѓаволот веднаш ја прели со мајонез.
  • И мажот и жената после уживањето ги попуштија кајшовите за едно дупче.

  • Господ ги советуваше: „Создадов свеж зеленчук и маслиново масло за во него да уживате “!
  • А ѓаволот веднаш додаде Brie и Camembert, и стапчиња од јастог во сос од путер, за што им требаше уште едена чинија!
  • А вредноста на нивниот холестерол отиде во небо под облаци.



  • На ова ги создаде Господ патиките, за неговите деца да изгубат некое кило.
  • А ѓаволот ја измисли кабелската телевизија со далечински управувач, за да не се замара човекот со станување за менување на програмата.
  • Така мажот и жената почнаа да се смејат и плачат пред екранот, облечени во удобни тренерки за џогинг.

  • И го создаде Господ компирот, без масти, а полн со калиум и други вредни состојки.
  • А ѓаволот ја тргна здравата лушпа и го исече компирот на чипс, кој го испржи во зејтин и убаво го посоли.
  • И човекот доби уште по некое кило.



  • Тогаш го создаде Господ здравото свежо месо, за да внесуваат луѓето помалку калории, а да бидат здрави и јаки.
  • А ѓаволот го претвори во сендвичи од чичко Стоилко и 7-мица од по 70 денари.
  • Тогаш запраша ѓаволот: „Малку помфрит?“
  • Секако..., со мајонез и кечап. Голема порција, ако може!
  • Рече ѓаволот: „Тоа е вистинскиот избор!“

  • После тоа човекот доживеа инфаркт.
  • Господ, плачејќи од тага, измисли четрикратен бајпас.
  • Ѓаволот се замисли.
  • Мислеше, мислеше и го смисли ........ :
МАКЕДОНСКИОТ СИСТЕМ НА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ - и би крај на се..
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
133280.jpg