Што е недостатокот на внимание и хиперактивност и како да го препознаете
Кај ова пореметување заедничко е невниманието, хиперактивноста и импулсивноста. Тешко е да се даде дијагноза затоа што е тешко да се одреди границата помеѓу нормалата доза на невнимание, импулсивност и хиперактивност и нарушувањето.
За да се даде дијагноза симптомите мора да бидат присутни барем 6 месеци, да се појават пред 6-7-та година од животот и да бидат значително поголеми отколку кај другите деца. Дијагностиката е чисто субјективна и постои опасност некој да биде категоризран како лице со оваа состојба и без реално да ја има.
Постојат 3 типа на недостаток на внимание и хиперактивност. За некој да биде класифициран во некоја од нив, потребно е да исполнува барем 6 од симптомите, во така изразен степен да не може да се адаптира:
Претежно невнимателен тип. Овој тип ги вклучува следните симптоми:
Кај 50-60% од децата со намалено внимание и хиперактивност симптомите продолжуваат и кога се возрасни.
Точните причини за недостатокот на внимание и хиперактивност не се знаат, понекогаш се работи за повреда на мозокот (иако кај мал број на случаи), понекогаш за генетска преодреденост, научниците го испитуваат и влијанието на околината (потврдено е дека пушењето и алкохолот за време на бременоста, како и изложеноста на детето на олово може да влијаат на појава на нарушувањето), исхраната (се претпоставува дека некои адитиви можат да придонесат за појава на намалено внимание и хиперактивност) итн.
Терапија
Не постојат медикаменти кои ќе ја излечат состојбата, но постојат такви кои можат да ги намалат симптомите.
Психотерапијата може да му помогне на детето полесно да се справи со потешкотиите и очекувањата во училиште.
Како можат да помогнат родителите
Родителите често пати не се ни свесни дека детето има проблем, често пати сметаат дека се работи за немирно и непослушно дете.
Имате некој близок со хиперактивност?
Сте имале контакт со таков човек? Како сте се справиле?
Братучед ми е хиперактивен, и секогаш му влепувам шамари ама пак џабе. Нема лек за него..тој е некој си изрод. х

- Не обрнува внимание на деталите и прави грешки од немар.
- Изгледа како да не слуша кога му зборувате.
- Има потешкотии во фокусирањето на едно нешто и во задржувањето на вниманието.
- Има потешкотии во организираноста и учењето на нови нешта.
- Активностите му стануваат здодевни за неколку минути, освен ако не се работи за нешто во што навистина ужива.
- Потешкотии во школувањето или пишувањето на домашните задачи.
- Лесно му се одвраќа вниманието.
- Има потешкотии во следењето на инструкции.
- Има потешкотии при обработката на информации.
- Заборавливост во секојдневните активности.
- Губење на предмети: книги, прибор итн.
- Детето е немирно и мрда додека седи на столчето.
- Постојано зборува.
- Трча наоколу, постојано е во движење, сака се да фати и со се да си поигра.
- Постојано е во акција и изгледа како да е на "моторен погон".
- Има потешкотии со седењето на едно место, на училиште, при јадење итн.
- Има потешкотии со тивко внесување во некоја активност.
- Нема трпение за да го дочека неговиот ред во играта.
- Oдговара пред да го слушне прашањето.
- Често пати ги прекинува другите.
- Вклучува барем по 6 симптома од првиот и вториот тип.
Кај 50-60% од децата со намалено внимание и хиперактивност симптомите продолжуваат и кога се возрасни.
Точните причини за недостатокот на внимание и хиперактивност не се знаат, понекогаш се работи за повреда на мозокот (иако кај мал број на случаи), понекогаш за генетска преодреденост, научниците го испитуваат и влијанието на околината (потврдено е дека пушењето и алкохолот за време на бременоста, како и изложеноста на детето на олово може да влијаат на појава на нарушувањето), исхраната (се претпоставува дека некои адитиви можат да придонесат за појава на намалено внимание и хиперактивност) итн.
Терапија
Не постојат медикаменти кои ќе ја излечат состојбата, но постојат такви кои можат да ги намалат симптомите.
Психотерапијата може да му помогне на детето полесно да се справи со потешкотиите и очекувањата во училиште.
Како можат да помогнат родителите
Родителите често пати не се ни свесни дека детето има проблем, често пати сметаат дека се работи за немирно и непослушно дете.
- Овие деца многу често слушаат критики, она што се препорачува да го прават родителите е да го охрабрат позитивното однесување кај детето. Секогаш кога ќе направи нешто добро пофалете го. Препознајте ги и пофалете ги неговите силни страни.
- Вкучете се во заеднички опуштени и пријатни активности со детето.
- Помогнете му да изгради секојдневна рутина. На овие деца им се потребни јасни и конзистентни распоред и правила за полесно да се организираат. Нека има одредено време за станувње од кревет, за хранење, за учење, за игра итн.
- Нагласете му на детето дека е многу важно да води белешки за да не ги заборава активностите кои ќе треба да ги превземе.
- Ако детето има проблем во извршувањето на некоја задача, обидете се да му ја расчлените на повеќе делови за да ја совлада постепено.
- Побарајте стручна помош.
- Најдете начин и самите да се опуштите, родителите на децата со намалено внимание и хиперактивност и самите често пати се изложени на голем стрес. Ако е потребно побарајте и за вас стручна помош.