Најубавите острови на светот

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Филипините се дефинираат како смарагдени оризови полиња, преполни големи градови, графити насекаде, смешни водени бафала и смешно-среќни луѓе.
Филипините се земја која е одвоена од главното копно на Југоисточна Азија не само географски туку и духовно и културно. Преголемо влијание има католицизмот, благодарение на 350 годишното владеење на шпанците кое претставува енигма. Траги на шпанското време оставиле големите фестивали како што се “Kalibo’s Ati-Atihan“, невообичаената Шпанско-Филипинска архитектура, прекрасни камени цркви стари со векови кои се надзираат на градските плоштади. Иако се меша влијанието од Шпанија и Америка сепак земјата останува едниствена со својата култура и начин на живеење. Луѓето се, едноставно, Филипинци - и горди на тоа. Топлото добредојде и неодоливиот оптимизам ќе ги пречека сите гости кои сакаат да дојдат и да ја посетат земјата.
242384_10150281819935269_21413250268_9784457_5231711_o.jpg

Земјата е составена од повеќе од 7000 острови, и во одредени периоди од годината ќе се чувствувате како да ги имате сите за себе. Типичен остров може да се пофали со многу густа џунгла, високи планини, песочни крајбрежја "нападнати" од аквамарин води и корални гребени. Но, ќе најдете многу варијации на оваа тема, од изолирани свиоци на песок во средината на океанот, пренаселени мега-острови како што се Лузон и Минданао. Филипините не се место само да се најде изолирана плажа. Тие се и нешто сосема друго. Почнувајќи од планините на северен Лузон па се до пештерските системи на Самар, Филипините можат и умеат да ви го зголемат пулсот на адреналин.
382734_10150590751190269_1469883009_n.jpg

Голем дел од акцијата на Филипините природно се случува во и околу водата. Сурфањето на ветер се многубројни во Boracay и во Daet, Bicol. Вие треба само да знаете како да нуркате и да одите полека во длабочините и да се сретнете со нежните butanding (кит ајкули) во Југоисточен Лузон.
whale-shark-swimming-at-donsol1.jpg

Слатководните води вклучуваат возење на кајак. На Тера Фирма, оризовите тераси околу Banaue се најпопуларни за прошетки, но постојат исто така и врвови со многу вулкани - може да се видат низ Лузон, Висајас на, Миндоро и Минданао.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bojan