Спротивно од омилените ликови и нивното воздигнување, во оваа тема сакам да коментираме за оние ликови омразените или неомилените како сакате наречети ги. Оние ликови кои ви предизвикале чувство на гадење, револт, омраза.
Ме интересира зошто баш тие ликови?
Воздржете се од кратки коментари освен името на ликот, објаснете макар биле и неколку реченици зошто баш тој лик не ви е омилен.
Еве мене на пример, еден од таков лик ми е Фердинад од Колекционер на Џон Фаулс.
Феринанд е еден од оние неприметни ликови кои секогаш се во сенката на другите луѓе. Тивок лик кој што живее по одреден шаблон, без никакви одстапки, заглавен во своите норми и принципи. По смртта на неговиот татко и напуштањето на неговата мајка (барајќи ја својата слобода подалеку од синот), тој започнува да живее со своите роднини. Лик на кој што границата помеѓу реалноста и фантазијата многу лесно ја преминува. Идеализирајќи ги жените фасциниран од нивата убавина (во конкретниот случај - Миранда),ги гледа како совршени експонати за својата колекција. Одкога ќе ја киднапира Миранда почнува неговата борба со нејзината личност, со нејзиниот карактер, обидувајќи се да ја зароби емотивно.
"Не знам што се случи, уште прв пат кога ја видов, знаев дека е единствената. Секако не сум ненормален, знаев дека е само сон и ќе си останеше така да не беа парите. Си мечтаев за неа, си измислував приказни во кои ја запознавам, правам работи што ја воодушевуваат, ја земам за жена и сето тоа. Ништо нечисто, тоа бидна по она што ќе ви го објаснам подоцна.
Единствено на ја сонував во убави соништа кога ќе ја видев со еден младич, бучно богаташко дете со спортски автомобил. Тие денови си дозволував да сонувам неубави соништа. Како плаче, или обично како клечи. Еднаш дури си дозволив да сонувам како 'и удирам шлаканица, како што видов едно типче на телевизија. Можеби токму тогаш започна се'."
Па, повелеле.