Најдобриот говор во историјата

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Говор на Чарли Чаплин, во филм за кој прв пат приговорува, иако се заколнал дека никогаш нема да преговори во филм, меѓутоа овде си ги прекршил кажаните зборови. Една година подоцна од издавањето на филмот почнува Втората Светска војна. Верувам овој говор ќе допре до многумина, некои веќе имат го гледано/читано, некои не. Неколку минутки вреди да се одвојат за ова, иако неможеме да смениме ништо сепак вреди да се прочита/слушне. Искрено јас го гледам многу често 2-3 пати неделно најмалку.

Во продолжение...

Жал ми е. Но, јас не сакам да бидам император. Тоа не е моја работа. Јас не сакам да владеам или да покорувам. Ако е потребно, јас сакам да им помагам на сите Евреи, неевреи, црнци, белци. Сите сакаме да си помагаме едни на други. Луѓето се такви, сакаме да живееме окпкружени со среќа, не со страдање.
Не сакаме да се мразиме и презираме. На овој свет има место за сите.
А, добрата земја е богата и се грижи за секого. Животот може да биде слободен и убав, но ние ја заборавиме смислата. Алчноста ја труе човечката душа го полни светот со омраза, и не донесе до мизерија и крвопролевање. Развиваме брзина, но се затворивме самите себе. Имаме неопходни потреби од машините кои се во изболиство. Нашето знаење не направи цинични. Нашата умност, сурови и безобразни. Мислиме премногу, а чувствуваме премалку. Потребна ни е поголема хуманост, а помалку машини.
Повеќе доброта и нежност, наместо надареност. Без овие особини, животот ќе биде насилен и се ќе се изгуби.
Радиото и авионот не зближија. Добрината на луѓето крикнува во природата на овие изуми, крикнува за универзално збратимување, за обединевуање помеѓу сите нас. Во овој момент, мојот глас допира до милиони уши на овој свет. Милиони очајни мажи, жени и дечиња - жртви на еден систем кој ги тера луѓето да мачат и апсат невини луѓе. На оние што ме слушаат им препорачувам: -Не очајувајте.Мизеријата која не покри сега, е резултат на оддавањето кон лакомоста од страна на огорчените луѓе кои се плашат од начинот на кој човекот успешно напредува. Омразата ќе помине, диктаторите ќе умрат, а моќта која им е одземена на луѓето ќе им се врати се додека човекот не умре, слободата нема да исчезне!
Војници не се оддавајте на нижотниците, луѓето кои ве презираат, ве поробуваат, кои ви го контролираат живото, ви кажуваат што да правите, што да мислите и што да чувствувате! Луѓето кои ве вежбаат, ве стават на диета, се однесуваат со вас како со добиток и ве сметат за напотребни. Не им се предевајте на овие одвратни, вештачки луѓе со вештачки мозоци и вештачки срца. Вие не сте машини! Вие не сте добиток! Вие сте луѓе! Вие ја имате човечката љубов во вашите срца! Вие не мразите! Само несаканите мразат- Несаканите и вештачките.
Војници! Не борете се за поробување! Борете се за слобода! Во 17-то поглавија по Лука пишува: „Божјото царство е во чуѓето„ - не во еден човек, или во помала група на луѓе, туку во сите луѓе! Во вас ! Вие, луѓето, ја имате моќта! Моќта да креирате машини. Моќта да создавате среќа! Вие, луѓето, имате моќ да го направите овој свет слободен и убав да го претворите животот во една прекрасна авантура. Ајде, во име на демократијата, да ја искористиме оваа моќ! Ајде да се обединиме!
Ајде да се избориме за нов свет, пристоен свет кој ќе им даде можност на луѓето да работат кој ќе им овозможи на младите иднина, а на постарите сигурност.
Ветувајќи ни ги овие нешта, нижотниците се издигнаа над нас, но тие лажат! Тие не ги исполнуваат своите ветувања; и никогаш нема ни да ги исполна. Диктаторите се ослободуваат но го поробуваат народот! Ајде сега да се избориме за тие ветувања. Ајде да се избориме за слободата на светот. Да се избориме за укинување на националните бариери, за ослободување од лакомоста, омразата и нетолеранстноста. Ајде да се избориме за еден разумен свет, свет во кој науката и развојот ќе донесат посреќни времиња за човекот.
Војници, во име на демоктратијата:- Обидинете се!

 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
имавме една тема за филмски говори ... во оваа тема нека бидат вклучени и некои политички говори на Лутер Кинг, Кенеди ,Черчил и остала багра ...
 

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Значи, конечно го среди видеово, а? Супер, го имав јас и целиот текст од ова не морало да го преведуваш едно по едно како што тече видеото, ама не ми текна да ти го испратам.

Како и да е, како што пишав и во темата за мотивациони говори, милион пати Браво за Чарли!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Hip.Hop_MKD