Навредување

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Нема да ви се верува, но мојата сестра ме навредува и со тоа што го збори, а и со тоа што го прави. И велам „ замисли ако некој тебе ти вика“, а таа исто пак. И ме повредува/ навредува со тоа што по секој доживеан проблем кажува на други роднини, а лаже дека не кажала. А мајка ми со тоа што за се ми вели дека не сум во право и никогаш не застанала на моја страна и ги оправдува лошите постапки на сестра ми. Со еден збор, ја оправдува и неа во целост. И други роднини ме навредиле со постапките, ама ако напишам и за нив, долг ќе ми биде постот. Ама еве накратко, со тоа што меѓусебе се бранат во се и очекуваат и од мене и од некои други да им одат по нивните желби и да ги исполнуваат нивните очекувања. И за крај, префрлаат кривица, а не сум ја таа што е крива. Не си признаваат дека се криви, а верувам дека и со луѓето надвор се такви, не само со мене.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ах да, алатката на немоќните и незадоволните. Сте приметиле дека обично тоа што го мразат кај себе, го „отсликуваат“ т.е. потенцираат кај други? Па не бе, ич не се познава.
Не е за џабе она дека најубаво ќе откриеш што мисли некој за себе ако го слушаш како зборува за други.
Директни навреди па за болест или изглед веќе се показател за ментално растројство кај личноста. Во основно немаше кој не беше на мета на навредување од 5-6 души, ама ниту на мои 11-12 години не отидов доволно долу да ги навредувам за работи за кои тие навредуваа - ако некој бил полничок, спор на физичко, дури и ако му е починат родител. Мислам... од какви родители се израснати овие деца, па тоа да им е за потсмев?

Од друга страна па има личности што се вреѓаат ако дишеш „погрешно“ во нивна близина. Зошто си кажал нешто со тој тон, зошто тој збор наместо овој, ќе те праша да му објасниш нешто, па после ти вика „Добро бе, не тупи, не сум толку глуп/а колку што ме мислиш“. Среќа ги надраснав и оставив во минатото тие.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider