Се мислев дали да отворам ваква тема бидејќи форумов не е баш активен но сепак да си ја пробам среќата.
Најпрво да ви кажам на сите што мислите да пишете во темава дека нема потреба да се меша политика, бидејќи не е тоа целта.
Веќе неколку години како одам на секакви утакмици но во последно време на трибина може да се видат повеќе полицајци од навивачи, не дека порано немаше ама сега има многу повеќе полиција дури и ако на трибина има само 40-50 навивачи.
Кошарка, ракомет, фудбал значи не е битно кој спорт, полиција секогаш има повеќе. На фудбалските натпревари дури има и специјалци покрај обичната полиција, за што се дојдени тие?
Да ја чуваат обичната публика од навивачите?
Вечерва беше исто како и секогаш, на ракометен меч каде играше Вардар против тим кој нема навивачка група но сепак полицијата беше тука во голем број, и надвор и внатре.
Тоа и ми е целта на темава, сакам да знам какво мислење имате вие за навивачите?
Стварно ли се проблем во државава и не треба да ги има, или пак се само трн во око и дежурни виновници?
Образложете и зашто.