Навивачи - проблем во државата или трн во око на народот?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Се мислев дали да отворам ваква тема бидејќи форумов не е баш активен но сепак да си ја пробам среќата. :)
Најпрво да ви кажам на сите што мислите да пишете во темава дека нема потреба да се меша политика, бидејќи не е тоа целта. :)

Веќе неколку години како одам на секакви утакмици но во последно време на трибина може да се видат повеќе полицајци од навивачи, не дека порано немаше ама сега има многу повеќе полиција дури и ако на трибина има само 40-50 навивачи.
Кошарка, ракомет, фудбал значи не е битно кој спорт, полиција секогаш има повеќе. На фудбалските натпревари дури има и специјалци покрај обичната полиција, за што се дојдени тие?
Да ја чуваат обичната публика од навивачите?
Вечерва беше исто како и секогаш, на ракометен меч каде играше Вардар против тим кој нема навивачка група но сепак полицијата беше тука во голем број, и надвор и внатре.

Тоа и ми е целта на темава, сакам да знам какво мислење имате вие за навивачите?

Стварно ли се проблем во државава и не треба да ги има, или пак се само трн во око и дежурни виновници?

Образложете и зашто. :)
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Не одам многу по натпревари, и можеби не сум компетентна да зборувам на темава, ама мислам дека и навивачиве се однесуваат многу неспортски.
Така да во некои случаи , да треба многу полиција за да регулира и да ја брани обичната публика од инциденти.
Значи во Тетово кога игра Тетекс, посебно со екипи од другата националност тоа е војна, таму да си дојден како обична публика можеш добар ќутек да си изедеш , или да те прегазат кога излегуваат како стампедо некое. Сум била два пати, и сакав татко ми да го викам да ме земе од што ми беше страв.
Башка едно е да навиваш друго е бомби да фрлаш по терен....
Доаѓаат пијани, набилдани со еуфорија , да имаат пиштоли би се испоутепале сите...
Нормално не е секаде така, ама поради можноста за инциденти и поради нетрпеливоста помеѓу навивачите затоа веројатно има толку мн полиција.
Треба да ги има навивачите, ама не да лечат комплекси и нервози по натпревари, туку да навиваат што и им е основната функција.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Убава тема за која треба да се разговара надвор од спортските терени а и пред секој натпревар,со оглед на неспортското однесување на поединци,со вандализмот и насилството додека трае натпреварот.Мора да има полиција, инаку ќе попаѓаат многу жртви,па и недолжни фанови кои си го сакаат спортот.Убаво е да се гледаат ПРИМЕРНИ навивачи,обоени со боите на својот обожуван тим,со знамиња и свирки....сето тоа дава убава атмосфера,една еуфорија во која адреналинот ти се качува,срцето ти чука побрзо и се чувствуваш навистина несекојдневно.Проблемот е што меѓу тие навивачи кои дошле да ја бодрат својата екипа има такви фанатици кои можат брзо по започнувањето на натпреварот да станат хулигани,кои се толку заслепени во навивањето,кои одат до таа крајност каде се саможртвуваат или бараат некој каде бесот ќе го исфрлат.За такви лудаци кои неможат да го скротат покачениот адреналин и се претвараат во спортски фанатични вандали треба полиција за ги заштити останатите љубители на спортот.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Има секакви навивачи точно е, во тоа се сложувам дека сите пијани, дрогирани и слични не треба да бидат со оние навивачи кои дошле да го бодрат клубот и кои не прават проблеми. Местото на трибина треба да им е само на оние кои го бодрат клубот секогаш и секаде, и кои се однесуваат примерно и без инциденти. Е сега кога има и друга навивачка група нормално е да има тепачки и провокации, тоа е дел од навивачкиот свет а и ривалството помеѓу групите ја прави атмосферата подобра.
Зголеменото присуство на полиција треба да го има само на такви натпревари, кои се од висок ризик и каде има две навивачки групи, а не на некои небитни натпревари, така само се создава тензија и помеѓу оние што не се дојдени за тепање, не сум дошол јас да гледам цајкани пред мене туку да навивам и да гледам утакмица.
Не ми е јасно само зашто сите навивачи се ставаат во ист кош, па не се сите тепачи и пијаници. :)
 
На ниеден навивач не му пишува на чело дали е тепач,пијаница или наркоман,или ќе му истекне да фрли некој тврд предмет и да утепа некој фудбалер како што се случи пред некој месец,незнам на кој фудбалски натпревар беше тоа.Не ми е јасно што ти пречат полицајците? Јас кога одам да гледам некој натпревар,одам да навивам и да ја гледам убавината на спортот,не гледам ни цајкани а не ми ни пречат. Ако за тебе е нормално да има тепачка,тогаш ти сам си одговори на прашањето дали треба полиција.Провокации има,заебанции и пцовки но тој што има спортски дух во него,ќе остане само до тоа ниво.
 
Кога е некој пијан или дрогиран ќе се примети, тепачи мислев на оние што се дојдени само за да се истепаат и да си одат, таквите и јас ги мразам. Тие што фрлаат предмети на терен повеќето се или деца кои прв пат дошле па си мислат ако направат така ќе бидат најјаки, или се некои на кои местото не им е тука. Се знае како изгледа прав навивач, навивање за клубот цело време и без глупи испади.

Ми смета полицијата на небитни натпревари, на другите не ми смета затоа што тогаш мора да ја има за да не настане хаос. Но на небитни натпревари ми смета многу, исто така ми смета што кога ќе се најде некоја пијана будала која глуми хулиган или некое дете кое прв пат дошло да фрли некој предмет на терен или што и да е, тогаш полицијата ги тепа сите, наместо да го најде тој што фрлил тие маваат по сите.
Затоа ми смета полиција на небитни натпревари, се создава нервоза помеѓу тие што не прават ништо, а и нормално дека ќе има нервоза, зашто да ме тепа некој кога ништо не сум направил.

За тепачките реков дека се во ред затоа што кога има две навивачки групи нормално е да има тепачки, а и тие тепачки не се кој знае колкави но сепак се дел од тој ултрас свет да кажам. :)
Јас еве колку време одам и никогаш не сум отишол за да се тепам но кога на пример има и друга група тогаш има тензија и може да има тепачка, ама нема сигурно да се убиеме од тепање. Тоа што се случува на трибина останува таму, сите тепачки што се дел од навивањето не треба да се пренесат надвор од стадион, сала или што и да е. Јас на пример можам да се дружам со некој што вчера сме навивале за различни тимови и сме се тепале, тоа е прав навивач. :)