Музика за свадба

Mateja1809

Нов член
7 март 2013
7
5
3
33
Здраво,

Можеби темава е веќе започната, но неможев да ја најдам, извинете :)
Ќе правам свадба, па сакав да ве прашам за предлог на бенд/група , која што свири изворна мак музика , и забавно, рокче/диско :)

Фала ви ептен!
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Мојот поранешен шеф сакаше на свадбата на неговиот брат да ги викни Анета и Молика. Скапи се, ама вредат. Сум бил на една свадба каде што свиреа тие, и верувајте беа поголема атракција од невестата. Си свиреа народно МК, ги погодија печалбарите :)
***
Mateja1809 честито :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mateja1809

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И јас сакав да ги спомнам Фонтана, бев на една свадба и музиката стварно за секое уво...
А за Молика, јесте да дамава пее феноменално, ама една свадба каде таа пее повеќе наликува на концерт него на свадба.
Не знам, може јас така заприметив, ама девојкава како да го сака цело внимание за себе, па пее некои демек тешки песни па се тегне, една песна 2 сати на пример Јаааааааноооооооооо моооооооооорииииии ( :giggle ) и тука гостиве во транс.... И после секоја песна мора аплаузи, фалби, отворени усти...
Не ми се свиѓаат воопшто за на свадба, онака не знам не ги пратам.
А овие Фонтана стварно се добри.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ако мене ме слушаш ќе ги избереш Дрим Тим. Не се скапи, ама прават феноменална забава.
Што е најубаво можеш слободно да им напишеш листа на песни како сакаш да ги свират и ќе одат по тој редослед.
Ако сакаш телефон за контакт пиши ми приватна порака ќе ти дадам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
бенд/група , која што свири изворна мак музика , и забавно, рокче/диско

Каков е тој бенд што свири изворна македонска музика, и забавно,и рок, и диско? Да не си се помешала со јутуб?
Значи ако бараш бенд со квалитетна музика,претходно тој бенд веќе има изградено правец.
Вака,према барањето сигурно ќе довлечкаш еден сајзерист со матрици и ќе ти пее и народно и забавно и рок али тоа ти е кичерајски плагијат а најмалце од се е за свадби.Уствари и денешниве свадби се тапа. Последниве 3 години бев на 4-5 свадби, и стандардно беше секаде, како да се копирани.
Бендот има една или две клавијатури, едната за ритами другава валјда за украс, саксафонист/кларинетист МОРАЛНО со цел да се лепат пари, и еден пеач а некогаш е истиот што микса на сајзерот и пее. Ептен звучи фалш, ја кога би бирал бенд за журка за народнњачка музика, би идел на овие:








Кавадарка,тајфата на дулот мислам оти се работи за иста група. Битно во жанрот кој го свират се докажани подигнувачи на атмосвера после алкохолот.Ако сакаш забавно рокче и слична цицко-трес музика, решението е Plug & Play USB FLASH DRIVE - For your weeding pleasure.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Јас бев на 74 свадби лани и на околу 50 досега годинава....па види кого ке послушаш ти
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

ivadimi

Нов член
13 септември 2013
1
1
3
32
Здраво,

Можеби темава е веќе започната, но неможев да ја најдам, извинете :)
Ќе правам свадба, па сакав да ве прашам за предлог на бенд/група , која што свири изворна мак музика , и забавно, рокче/диско :)

Фала ви ептен!

Ако сакаш некоја типична сељачко - дијаспорска свадба викни ги Молика. Скапи се откако заминаја Австралија и типични турбофолкери се...
А ако сакаш стварно и изворна и забавна и квалитетна музика на свадба викни ги „ Боеми“ дефинитивно нешто совршено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Grofski

Нов член
14 септември 2013
1
1
3
46
Јас сум кум на свадба кај најдобар другар и другарка, и ги договорив Day Off :) Ако на скоро секое излегување одите на рок гиг, и по дома си слушате таква музика, не гледам логика на свадба да ви свират народњаци :nah Ама вие си знаете...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi