Мотиватор: искуства, совети, успешни стории

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Прва грешка, и прилично голема
Јас уште оваа недела ќе си јадам шо сакам, т.е. ќе јадам ко ненормална и после ќе се фрлам на диета, и така тој период не ми е толку напорен па ќе можам салам диетата да ја држам.
Цел -5 кила. Се надевам дека по извесен период ќе пишам дека сум ја исполнила целта.:)
Со ваков став не слабееш. Верувај. Зошто ако си решила од утре на пример да си на диета, денес да се претрпаш со храна? И едно побитно прашање- дали ти под диета мислиш на гладување? Ако да, пиши пропало на слабеењето. Да, ти можеби ќе симнеш некое кило, ама во рок од еден месец ќе ги вратиш кога ќе ја завршиш диетата.


Дај некој нека пишит во темава нека ме мотивират. Јас реков дека ќе држам диета, ама ако кажам шо јадев денојве.....посебно денеска...како и да се се чудам како не накачив 65+.
За мене идеално е 60 кила, со 65 не се чувствувам комотно иако секоја зима до 65 стигам, ама то е гурман, не можам да одолеа на јадење. Годинава се заинетив 60 ќе сум и точка јас би и 58 ама да не изгледам ковчесто тогаш, сепак и висина асолна имам. Фитнес, диета кажувајте нешто мотивирајте ме, јас секој ден велам од утре и така НГ ќе стигнит.:giggle
Реално, 5 кг за еден месец можеш да ги симнеш без да гладуваш во ни еден момент. И не само 5, можеш и 20 да симнеш во рок од 4 месеци.
Финтата во здравите диети, поточно здравите режими на исхрана е немешање на намирници.
Пример, имаш за ручек месо со компири. Јадеш или месо или компир. Протеин или скроб, никако заедно. Јадеш пица пример, ама вегетеријанска, без млечен кашкавал или шунка. Јаглехидрат или протеин.
Во склоп на ова што го кажав би ти кажала еден многу здрав начин на исхрана. Јас одамна се придржувам.
Се појадува овошје. Потоа околу пладне може да се ужина некоја салатка, нешто лесно.
Главниот оброк се состои од тоа што погоре го кажав, не мешање на намирници.
После ручекот може да се ужина пак некоја салата.
Јас не вечерам, а доколку ти се јаде, советувам тоа да е протеин. Пример парче сирење, јогурт, нешто лесно во секој случај.
Протеин, затоа што протеините се полесни за метаболирање.
Секако пожелно е и вежбање, барем 30-40 мин дневно.
Јас ТИ ГАРАНТИРАМ дека ќе ослебеш вака.
И уште нешто во врска со намирниците доколку не ти се допадне овој режим... Наутро јади јаглехидрати ( за да се согорат во текот на денот), на ручек што имаш, само не мешај, а навечер протеини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Hkakashi