Молчеливи луѓе

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Дали сте имале пријатели, роднини, или некои блиски кои биле молчливи?
Дали имате такви во вашето друшто и какво мислење имате за таквите?
Како се осеќате кон оние кој повеќе слушаат а помалку зборуваат?
Како вие ги гледате тие луѓе?

Отвори ја прикачената датотека 2876
Сум била во друштво на такви луѓе и не ми сметаат искрено.
Не мора да значи дека ако некој по природа е молчелив дека е глупав,или дека кријат нешто.
Има луѓе што навистина се срамежливи или им треба повеќе време да се опуштат.
Кај мене зависи од ситуација. Зависи од луѓето што седам со нив. Зависи и од тоа каков ми е денот. Понекогаш ама ич не ми се збори.
 

Badass

Истакнат Член
16 февруари 2012
63
87
333
29
Ќути си дупи си,убаво рекле.
Незнам зависи од впечатокот кој го остава.
Ако е молчалив со ретардиран осмех и брутално ретардиран поглед,пати в гз и подалеку од него.
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Па немам некое посебно мислење за молчаливите луѓе.Може се срамежливи па не зборат,може не им одговара друштвото па си молчат.Но некако ме нервираат со тоа нивно молчење.
Јас ете на пример зборам сто на саат.А кога сум љута и двесте.:D
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,282
9,124
1,683
имавме еден школски (турчин) фаца туркиш ориџинал...само си молчеше....и им реков на другите...овој Билен еден ден ако не го разнесе училиштево....После се опушти...2 години учел во Гостивар...за две години во Прилеп го напраевме асли прилепчанец...уста не затвораше.....
***
Значи се е до човекот.....секој може да се смени...па и молчаливите...Доколку некој е молчалив, тогаш тоа е негово право и нема право никој да му се меша...Но молчаливоста мо=е да го оддели од другите
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: S.B.

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Зависи од ситуацијата, од околината.
Кога немам желба да зборувам, нема со сила да паметувам и да глумам паљачо во друштво.
Не ми се збори, кој ве врти.
Ако ме прави тоа намќор, онда го земам пехарот со раширени раце (smoke)

Едноставно има прилики, кога навистина немаш ни потреба да кажеш било што...

Моите луѓе во главно ме знаат како муабетчика, ама знаат и дека кога не ми се збори секоја акција да се преиначи тоа ќе биде узалуд вам труд свирачи муабет...
Не се трудам да импресионирам никого.

Така да, оние кои молчат, нека си молчат.
Мене исто ми се фаќа :)
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
33
Pax Terra
Во непознато друштво најчесто сум молчлив додека не ги анализирам доволно нивните размислувања. Тоа не е срамежливост, но сепак држам дистанца и не навлегувам длабоко во моабетот. Не значи дека молчливите луѓе се срамежливи или кријат нешто или дека е тоа нешто подмукло.
Тоа е пред некои 2-3 години, од дистанца ги анализирав. Но сега веќе не сум молчлив во текот на нашиот разговор ги анализирам.
Е потоа нема да можат да не ред да дојдат.