”Земи си вино бе мила. Цела флаша, чашка до себе. Покриј се со ќебето, седни на фотељата до огнот, пиј си, плачи си. Плачи си тивко така, гледајќи како жали и небото со тебе. Соживеј се со него. Замисли се дека си една од капките која паѓа, како те милува ветрот додека леташ. Погледни ги и другите како тебе. И тие жалат за својата несреќа, не си единствена ниту пак сама. Не си била ниту пак ќе бидеш.”