Мисла на денот

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Повеќе као статус од Фејсбук на денот...
Море на месецот!

„Сѐ потуѓ ми е Фејсбук просторов, сѐ помалку и помалку работи ми се чинат вредни за споделување, сѐ помалку волја и смисла наоѓам во споделувањето мисли или писанија тука. Реакциите се досадно предвидливи - коментарите се сведуваат на фаќање сеир или полемизирања на која било тема, обично контроверзна (што е најсветлата точка), а уметничко/интелектуалните содржини не изнудуваат повеќе од купче лајкови, и кратки констатации од типот „браво” или „прекрасно”, и, тоа е тоа. Ко да сме оперирани од подлабоко контемплирање на убавото и мудрото, како и од изразување на впечатоци визави доживеаното, па најобична констатација со минимална доза внимание од уживателот е сосема доволна. „Браво” за ова, чекај сеа да се вратам на стандардниот медиокритет. Не помага ни тоа што уметничките содржини презентирани од корисниците овде пред сѐ во преден план ја изразуваат авторската себепромоција или глад за признавање - како ниеден од современиве автори, сликари и поетиканти да не е волен да се изземе самиот себе (т.е. својата слика за себе, својот е**н имиџ) од неговата креација, која ако веќе претендира кон универзалност, вечност и уметност, треба да е лишена од таквиот печат/"watermark" кој, при перцепцијата на делото манијакално трепка и вели: 'Јас сум дело на тој и тој, на таа и таа, еве, гледаш? Немој да заборавиш, цел сум негов(а)!'. И ова се повторува и се повторува... и е ужасно адолесцентски, незрело и досадно. Луѓе облечени во идеите за себе. Конструкти. Луѓе што не знаат да молчат, луѓе што не знаат да бидат глупи, голи, грди, срамни, скромни, безобразни, валкани, ранливи, човечни. Луѓе што не знаат да бидат луѓе. Све е некоја фасада од внимателно инструирана допадливост, насочена што кон себе што кон другите. Битно е да им/си се допаѓаат. Имиџи, но дали и суштини, не знам...“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*, antonio and Lena