Се прашувам ја има ли некој мојата судбина? Постојат ли луѓе кои се слични на мене? Луѓе кои го сакаат светот да е поинаков а сепак го живеат ваков, каков што е ?! Постојат ли оние кои без да проговориш те разбираат. Оние кои те прифаќаат таков ,каков што си. Да ти дадат подршка, љубов и почитување,а при тоа да не бараат ништо друго од тебе, освен да останеш каков што си! Дали постојат такви кои можат да те разберат така како што им кажуваш, без да разберат како што нив им одговара! ДА постојат!!! Се увeрив во тоа,но малкумина се такви, a најважно од се е дека постојат и тоа сега, во овој МИГ, тука до мене....