Постои, секако дека постои, ама за секого е индивидуално, не може да се најде универзално решение, а и постигнувањето на мирот е процес, не е нешто што бара само една работа и толку.
Основното нешто е да се елиминира егото во поголема мера, потоа би требало да се одредат приоритети и најважното - да се прави она што се сака, а не она што се мора или она за кое се мисли дека е правилно.
Послушноста е голема пречка кон постигнувањето на индивидуалниот мир, посебно послушноста од страв. Кога човек ке најде начин да се оттргне од старите матрици наметнати од авторитетите, може да каже дека делумно го достигнал мирот во својот живот.