Метеора (Грција)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Метеора е регион во Грција, каде се наоѓаат седум манастири. Овие манастири се наоѓаат на 400 метри надморска височина над тесалиската рамнина во Централна Грција, 70 km западно од Лариса. Метеора се расположени на 240 km југозападно од Солун по патот Солун-Катерини-Лариса-Трикала-Панаја. Од седумте манастири, шест се отворени за посетителите. Скалните пештери на Метеора биле населени уште од 11 век од страна на христијаните. Во минатото, во овој комплекс постоеле дваесет и четири манастири. Метеора се под заштита на УНЕСКО.

399px-Meteora_Agios_Triadas_IMG_7632.jpg

manastir5.jpg

Огромните карпи наречени Метеори се инспиративни и влеваат стравопочит, врвовите им се чудни, ги допираат облаците, а завршуваат со манастири распослани како гнезда на штркови.

Како до Метеорите?

Посетете го чудото на религијата и природата - Метеори. Може да избирате два пата за да стасате таму. Едниот ве води преку граничниот премин "Богородица", па покрај Солун, Катерини и до Метеори. Тој пат е добар, но заобиколен и подолг. Вториот е покус, преку преминот Меџитлија кај Битола. До Воден патот е добар, а оттаму до Метеори патот е планински. Ако минете низ Солун, не талкајте многу по бутиците и гиро-киосците, туку чувајте енергија и здив за Метеори. Тоа е исклучително необична област, која ја красат гигантски карпи во облик на кули и ѕидини, кои достигнуваат висина од 100 до 150 метри.
.................................................................................................................................................................
Метеори некогаш биле напредна манастирска заедница со 24 активни манастири, од кои денес останале само пет. Најинтересен белег на манастирите се нивните куполести покриви, дрвени галерии застрашувачки истурени над карпите. Подовите се направен од мрежесто исплетен коноп. Огромните карпи наречени Метеори се издигаат токму онаму каде што почнуваат ораниците на Тесалиската рамнина и влеваат стравопочит. Врвовите им се чудни, ги допираат облаците, а завршуваат со манастири распослани како гнезда на штркови.

Интересно е дека во ниеден грчки мит или народна приказна не се објаснува како настанале овие карпи, а историчарите од стариот век ги игнорирале. Во поново време грчки и странски геолози дале неколку различни теории за нивното постоење. Најубедлива теорија дал германскиот геолог Филипс. Според него, во тој регион пред милиони години од морето течела огромна река во длабок и тесен залив, која во тоа време ја покривала Тесалија. На својата утока реката таложела дебел слој мил и камења. Во геолошките периоди слоевите се збиле во цврста маса и наталожен варовник. Кога континенталната платформа испловила, а морето истекло низ долината, овие слоеви биле сосема исфрлени и оставени да стојат исправени.

Непристапноста ги престорила Метеори во засолниште за луѓето што бегале од освојувачите што со векови упаѓале во Тесалија. Ненаселените карпи обезбедиле и сигурен дом за калуѓерите, кои се одрекувале од светот и се надевале дека во разредениот воздух на врвовите од карпите појасно ќе го видат Господ. Искушениците живееле осаменички живот, се молеле во капелите вклесани во карпите. Нема податоци кога првпат точно биле населени. Некои византолози сметале дека скитовите - (живеалишта за калуѓери што биле избркани од манастирите или самите решиле да се одвојат) постоеле и на крајот на првиот милениум. Едно предание вели дека прв пустиник на Метеори бил Варнава, кој меѓу 950 и 970 лето Господово, основал скит на "Светиот Дух". Понатаму и други пустиници основале скитови. По 200 години бил основан и манастирот "Тројца духовници и Сите Светци".

Со векови оваа манастирска заедница била привилегирана и богато наградувана од грчки христијански семејства, но на крајот на 17 век нејзиното богатство опаднало. Денес постојат само манастирите "Преображение", "Варлаам", "Св. Стефан", "Св Никола", "Анапавсис", "Русан", "Св. Тројца", а сите други исчезнале.

Градот под Метеорите се вика Калабака. Мало симпатично гратче, со тесни улички и ниски куќи и многу кафулиња. Во многуте таверни може да ручате за пристојни цени. Не пропуштајте да пробате некој грчки специјалитет. Најубав дел од градот е плоштадот, каде што во секој дел од годината се собираат илјадници туристи. Едно ноќевање во хотелот "Амалија Калабака" чини од 90 евра нагоре. Хотелот има 175 современо опремени и климатизирани соби, кафетерија, бар, ресторани уредени во традиционален стил. Сместувањето во приватните куќи чини барем половина помалку.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Интересно местенце е ми имаат кажувано повеќе пријателки и пријатели. Баш би сакала да го мпосетам :)
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
И јас би сакала да го посетам, татко ми бил таму, и ги посетиле сите 7 манастири, тој беше со еден поп, човекот е од Кукуш, и ја искористи таа прилика, сакал да слика, но не му дозволиле, инаку било многу убаво... можеби еден ден и јас ќе одам да ги видам :rolleyes
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Ги имам посетено многу одамна. Навистина се интересно за посета, но кога ќе ми текне дека не тераа да се облекуваме во нивна облека (над нашата), во тоа жешко...Ми ја убива желбата за повторна посета.


Инаку место Метеора, темава треба да се вика Метеори
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Дури досадно ми стана од местово 3 пати сум бил. Кога бев средно не носеа секоја година почнувајќи од 2-ра година, инаку ништо посебно не треба да се облече само на жените им дават како фустан доаѓа, ништо страшно :)