Барав тема да ја препорачам витамин Ц маската на Балеа, но немаше, па еве нека има.
Имам доста проблематично лице и ми треба многу време да најдам нешто што ми одговара, ама маскава ми легна ко шамар на будала.
Освежувачка, нежна, прекрасен мирис, а е само 60 денари за две кесиња. Искрено не знам што сме правеле пред ДМ, bless their hearts.
Исто од Балеа ми се допаѓа и scrub маската од киви, додека глините се ужасно лоши за мојава кожа, ама не може секоја да одговара па.
За црнки би ја препорачала Pro Collagen Black Mask од Revuele пошто е со активен јаглен. Малку ја суши кожата, но супер ги чисти порите за таа цена. Нарачав слична од Авон што е доста фалена, но треба да ја земам од другарка, па да пишам импресии.
Какви маски користите вие и за каква кожа какви би препорачале?
Споделувајте рецепти и за домашни маски пошто навистина има одлични и ефикасни.
Порано правев една со мед, куркума и жолчка од јајце за затегнато и чисто лице, ама не памтам дали беа само тие три состојки или се ставаше уште нешто...