Критериуми при бирање работници

  • Автор на темата Deleted member 10294
  • Време на започнување
D

Deleted member 10294

Гостин
Имам неколку прашања до сите членови на форумов.
1. Зошто дебелите луѓе се дискриминирани при барањето работа, и покрај искуството што го имаат?
2. Зошто физичкиот изглед е пресуден во многу аспекти во животот, како и во барањето работа?
3. Зошто ниеден работодавец не сака во својата компанија да прими некој кој скоро дипломирал?
Однапред ви благодарам на секој ваш одговор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mihaela_mkd

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Одлична тема! Ја преместив вака ко нова пошто заслужува внимание.
За жал, физичкиот изглед ни игра голема улога во сите сфери. Како кога бираме партнер, гледаме да одговара на некои наши критериуми ко висина, боја на коса, да изгледа здраво и плодно (нели широки колкови кај жени, а рамења кај мажи)... епа така некако е и за работа пошто, за жал, сме визуелни суштества.
Еве чист пример е кај другарка ми во фирма шефот што им бараше да снимале видеа кога нудат работни позиции пошто и таа и колешката се атрактивни и со тоа мислел дека ќе привлече повеќе потенцијални вработени.

За почетници... за жал за некои позиции треба специјалист со искуство зад себе. Сум приметила дека многу со 0 искуство веднаш аплицираат за повисоки позиции или нешто што нема врска со нивната струка, а за жал не иде така. Со почетни позиции никогаш немало проблем за вработување, па понатака се надоградуваш и стануваш кадрен за повисоки позиции и повеќе одговорност.
Сеа, кај нас малку наопаку одат работите, па ти бараат некогаш да си со факултет и 5 години искуство за да бидеш менаџер на бутик, а ставаат директор некој со средно што до вчера возел камион.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deleted member 10294

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
1. Од моето досегашно 13 годишно работно искуство со луѓе, честопати и како дел од тим за селекција на нови вработени, немало стриктно да се забележи дека некој дебел е дискриминиран - но, ако на пример работата бара раздвиженост, ажурност, брзина - некако постои мислење дека дебелите се бавни и мрзеливи.
2. Веројатно физичкиот изглед има улога кај позиции кои постојано работат со многу клиенти - на пример продажба во продавници, банкарски шалтери и сл.
3. Ова не би рекла дека е така, има доста компании кои не можат да си дозволат искусен работник и доколку имаат кој да ги обучува нововработените- би се одлучиле за тазе дипломиран. Секогаш е ризик затоа што инвестираш во некого многу труд а тој утре ќе си најде работа на друго место.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
3. Ова не би рекла дека е така, има доста компании кои не можат да си дозволат искусен работник и доколку имаат кој да ги обучува нововработените- би се одлучиле за тазе дипломиран. Секогаш е ризик затоа што инвестираш во некого многу труд а тој утре ќе си најде работа на друго место.
Ми се допаѓа да дискутираме за третово. :)
Баш проблемот лежи некаде помеѓу работодавците и потенцијалните работници.
Од една страна ги имаш едните што бараат професионална работа (а почетна плата) од почетник баш ради тоа немање кој да ги обучува новите, а од друга страна ги имаме и некои работници што веднаш сакаат/бараат да почнат повисока позиција без претходно искуство (а каде очигледно е потребно).
Имам пристап до HR мејлови кога треба да проценам/помогнам дали некој е добар кандидат за иста/слична позиција ко мојата и имало случаи каде се закануваат или пишуваат у стил „Па толку ли не можете да отворите една позиција за мене?“ :zelen
На другарка некој ѝ беше пишал „Знам јас дека не е до мене, јас сум одличен, а знам и дека ти си лажна личност зад мониторот и сакаше само експлоатација да ми извршиш.“ Нема врска, го беа одбиле дека паднал на тестот...
Така да има лудаци и од двете страни, а сум ја имала таа „среќа“ и да бидам дел од двете. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MajkaMuNaMarko
D

Deleted member 10294

Гостин
А како ќе го стекнам тоа искуство ако не работам никаде? И за работа во кафич бараат мотивационо писмо, не разбирам зошто. Сега тешко е да се најде работа и како келнер, сите бараат некој со искуство. Има и местени огласи, го имаат најдено вработениот на определеното работно место, само пуштаат оглас заради формалност. Зошто тогаш пуштаат оглас?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
А како ќе го стекнам тоа искуство ако не работам никаде? И за работа во кафич бараат мотивационо писмо, не разбирам зошто. Сега тешко е да се најде работа и како келнер, сите бараат некој со искуство. Има и местени огласи, го имаат најдено вработениот на определеното работно место, само пуштаат оглас заради формалност. Зошто тогаш пуштаат оглас?
Огласите се формалност на доста места, посебно државни, чисто пошто законски така треба.
За мотивациско писмо секогаш ќе стојам дека е најглупата работа било кога. Ми треба работа - ти треба работник, види CV ако ти одговара, ако не, да не се замараме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deleted member 10294