Крај на врската и неговите знаци

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
42
Skopje
Ако не иде, не иде. Кој степен на мазохизам треба да го поседуваш како синдром, да не забележиш дека нештата се сјебуваат?
Има разлика од минлива ситуација на монотонија, некаков проблем кој ги забавува односите и ги носи на точка за реконструкција и моментот кога едноставно е крај.
А, со сила убавина, не бива нАли.

Мене најинтересен момент од темава ми е раскинувањето по СМС. Уште ли постои тоа како појава која ја практикуваат персони кои имаат над 15 год? :unsure
Он мене СМС, јас следниот ден пцовисана мачка на чергиче пред врата :D да се знае кој го има последниот збор!
Абе ајде :D
Не, најверојатно жива ќе се изедам, дека у листата на бивши имам примерок за у музеј на ендемски видови - Маж без муда.
Да,сеуште постои раскинување по СМС последната така ми раскина :D:D:D
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Првите знаци дека нешто не е во ред е кога си легнува без да ти каже Добра нок и станува без Добро утро.
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Кога тродупло повеќе пишуваш пораки, исто толку се јавуваш,го викаш за искачање, тој демек е уморен, настинат, го боли глава или заборавил да ти се јави зашто демек е расеан.
А како досега не бил заборавен и уморен?
И ти се праиш дека му веруваш, праиш будала од себе,но всушност знаеш се.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Првите знаци дека нешто не е во ред е кога си легнува без да ти каже Добра нок и станува без Добро утро.

A мора ли секогаш?

На темава, тоа е тој период кога самиот себеси се залажуваш највеќе. Тоа е моментот кога знаеш дека крајот е неизбежен, но ги смогнуваш сите сили да не веруваш. Правиш се` за да ја победиш слободната воља на партнерот, се понижуваш на нејзината милост (и немилост). А се` ти е толку познато иако се случува прв и последен пат. Крајот е тука, ти си свесен, молиш бога само да не испадне се` наопаку. И како за беља испаѓа ама баш онака како што си стравувал. Умираш на рати, пронаоѓаш смисол во сето тоа, но на крај знаеш дека исходот бездруго е тој. Остануваш повреден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Значи ако некој решил дека не му е убаво веќе со тебе тоа треба отворено да ти го каже. Плус за се постои разговор никој нестанува ладен преку ноќ. Секое менување на односот значи нешто. Едноставно разговарајте со пртнерот. Пред се бидете другари со кои ќе делите се , а потоа љубовници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Значи ако некој решил дека не му е убаво веќе со тебе тоа треба отворено да ти го каже. Плус за се постои разговор никој нестанува ладен преку ноќ. Секое менување на односот значи нешто. Едноставно разговарајте со пртнерот. Пред се бидете другари со кои ќе делите се , а потоа љубовници.

Колку убаво кажано, се добро функционира во теоријата. Праксата покажува нешто сосема друго. Понекогаш за некои работи нема објаснување и покрај тоа што сте другари и делите се. Тишината ги заменува зборовите........Некои ситуации се премногу болни за да се изговорат.
 
Остај ти тоа со вистинскиот партнер немаш тишина! Во глобала треба да разговараш за се со твојот партнер затоа што ако сте под влијание на некој друг тоа е веќе карактер на нестабилна врска. Никогаш не се инаети со својот партнер едноствано сврти на шала , попушти или кажи ајде да се обложиме. Едноставно прави да се чуствуваш секој ден посебно со партнерот ко да вчера да сте се запознале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Значи ако некој решил дека не му е убаво веќе со тебе тоа треба отворено да ти го каже. Плус за се постои разговор никој нестанува ладен преку ноќ. Секое менување на односот значи нешто. Едноставно разговарајте со пртнерот. Пред се бидете другари со кои ќе делите се , а потоа љубовници.
Здебеленото:

Па тогаш како си во врска со оној со кој што не ти е убаво?
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Здебеленото:

Па тогаш како си во врска со оној со кој што не ти е убаво?

Па сигурно постоел период кога ти било убаво во врската со тој некој, затоа и си бил во врска на прво место, ама не може да трае вечно, па подобро е навремено да се прекине отколку да се врти ко во индиска сапуница.

За темава, стварно треба да си специјалка за да се правиш наудрен.
Чуму бре при здрав разум е некој должен да изиграва будала со надеж дека „ќе се среди“?
Искреност треба за средување, и двете страни треба да вложат за да средат, а не едниов ќе се впрегнува ко магаре, а на другиов нема да му чука.
Еднаш-двапати изгори се од неискуство, ама после треба тешко безнадежен романтичен случај да си, па да чукаш глава у ѕид.
Не е лесно, воопшто не е лесно да се откажеш, али Боже мој, од почит кон себе, сите треба да си ја направиме таа услуга.
Иначе не се секирајте, СМС е поличен раскин отколку рандом да си отвориш фб и да си видиш дека веќе не си во врска. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Леле , па у мое време немаше ни СМС , ни ПМС, ни фб, едноставно го снемуе,не се јавува на телефон. И после ти се појавуеш на врата и го прашуваш, што е бе батка,кај си , што си . После излегува мајка му , и вика што стоите надвор, ајде внатре. Па и раскажуваш, што било како било, и солза пушташ.
Она му се врти го кара,што на девојчево му праиш, од фамилија е, се обрукавме, ист ко татко ти си, итн. И се после у најбољи ред....демек. Ама за да му вратиш ти си искачаш со другарки и му викаш се заљубив ... И така се раскинуваше.Он на мене:D
П.С. Сега се потсетив на едно раскинување,кое сум го заборавила.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Photographer