Кој е вашиот досегашен најголем успех?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
На светко ниво? (wasntme)...државно?регионално?
Тоа што си плаќам сам сметки и што живеам сам.
Па одприлика би кажала исто.
Од каде почнав,каде сум сега,а тоа не значи дека не се плашам еден ден каде би била.
А секако се надевам и стремам кон поголеми успеси.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не би ги набројувала завршените школи и занати,ниту нешто од материјалните работи кои сум ги постигнала.
Некако сосем ми е неважно тоа.Мој личен успех за што би рекла:
Еј успеав и горда сум на тоа,
е надминувањето на сопствениот страв.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Успехот ќе го поделам на емотивен и професионален.
Првиот успех е кога успеав да си ја најдам вистинската личност во мојот живот, со која се разбираме како што треба со сите аномалии во врската.
Професионалниот успех е промената на некколку сродни работни места согласно професијата, за да си ги испробам своите квалитети а како психолошко јакнење ќе го издвојам правосудниот испит ова лето, кој ми одзема 6 месеци од животот, каде научив да бидам истраен, трпелив, и посветен на еден научен континуитет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Y1K991

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Професионалниот успех го задоволува егото,а емоционалниот успех ја задоволува душата. Ретко можат тие да се движат истовремено во нагорна линија. Професионалниот успех зависи од нас, се трудиме, работиме напорно и постигнуваме резултати. Но, за емоционалниот успех тоа не важи. Може се да направите, да се трудите, но ако нема некој икс фактор кој ќе биде присутен за да имате емоционален успех, џабе ви отишло времето, трудот, емоциите. За емоционален успех е потребен ксмет. За мене е поважен емоционалниот успех, затоа што ја смирува душата. Професионалниот успех го имам и повеќе одколку што ми е потребен во еден живот...
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Зошто кога некој ќе спомне успех, веднаш се поврзува овој збор со натпреварите?
-Изгледа така најприродно ни доаѓа.
Не дека не сум постигнал и јас успеси на натпревари, ама.......
Можеби за мене најголем успех е тоа што ја пребродив смртта на татко ми.
Но, се' уште имам пред мене, нели велат, не знаеме што не очекува утре, а јас би додал: судбината ни е таква каква што треба да ни е, ако треба да победиме, ќе победиме, ако треба да изгубиме, ќе изгубиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky