Која е симболиката на палење свеќа

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Сите кога одиме во црква,палиме свеќа за здравје или за умрените.За Велигден,ноќта пред воскресението,сите пред и внатре во црквата држиме запалени свеќи за да наводно му го осветлиме патот на Исус до небото.Која е точната симболика на оваа масовна традиција на палење свеќи,и на слави и на погреби?
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
за да наводно му го осветлиме патот на Исус до небото
За тие на замјата да убавите работи не проданајдат „полесно“ (да има човекот здравје, среќа...) (да го осветлиме патот кон нас)
За умрените да им се осветли патот кон рајот и го пронајдат „мирот божји“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and melpomena

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Палењето свеќа ја симболизира чистотата и мекоста на душата,зошто е направена од чист восок.Светлината Христова која гори и ја осветлува темнината.При крштевање се пали за просветување на детето.Со палење свеќа бараме милост и заштита,успокоение за покојникот.Запалени свеки и кандило во храмовите ги претставуваат и светителите.Има многу уште симболики,кога на пр.за некој празник при литургија се палат само 3 свеки што значи Светотот Тројство,Има кога се палат 6 свеки за непрекината литургија,само една голема идр.Треба некое свештено лице да се учлени на форумов и да ни каже подробно.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Палењето свеќа(и сѐ што има оган во него) длабока архаична работа која што христијанството само ја има „накалемено“ на себе.
Не можеш ти народ што илјадници години бил во политеистичка фаза, каде чествувал богови од типот Зевс, Хад, ајде да не се задржувам само на грчките божества еве и старословенските... Перун, Дабог, Дажбог, Световид, преку ноќ да го натераш да се откаже од сето тоа и да го направиш да ти верува во еден Бог творец на сѐ.
Прати 1000 мисионери, сите нека си го дадат животот за тоа, нема да успеат психата на народот од корен да ја променат.
Ете затоа си останале овие адети и сегменти во христијанството што ниту еден човек нема да успее никогаш да ги искорени.
Свеќата порано се палела навечер и не се гаснела воопшто за богот на темнината да не може да стигне во домовите. Ако била потполна темнина, Црнобог (Хад) доаѓал и ја земал душата или на најмладата невина членка на семејството, или на најубавата стока меѓу домашните животни.
Се палело порано свеќи околу жртвениците, ако се жртвувале за хтонско божество, па ако после жртвопринесувањето, кога се правело обредното славење(со играње пиење и оргии) ако се изгаснеле свеќите за архаичниот човек тоа било знак дека хтонското божество е задоволно од жртвопринесувањето.
Е бидејќи црквата колку и да сакала да го искорени тоа, не успеала, во симболиката на свеќата која е направена од восок и на која без проблем може да се изгравира што сакаш(затоа што е мека) ја накалемила чистотата и мекоста на душата на верникот, а со пламенот се презентира светлината на Исус чија светлина преку запалувањето сакаме(молиме од Бога) да ја инкорпорираме и во нашите животи.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Аркантос,многу добро објасна за свеќата. Не може народ кој бил илјадници години ПОЛИТЕИСТИЧКИ - ПАГАН, да го искорениш и направиш Семитско-монотеистички.Црквата може да си игра со зборовите, ако прашаш зошто се пали свеќа баш тоа објаснување ќе ти го даде,иако ни самите незнаат од кога и зошто се пали свеќа.Ниту пак вапцувањето јајца,зошто баш црвено,зошто баш јајце и сл.
Еве денеска е ДУХОВДЕН, кој сигурно православните христијани го прославија денес. Појдоа на гробовите на мртвите,и однесоа јадење,а потрадиционалните и по некое грне,чаша,тајнир и слично. Според записите за Исус,никогаш не се препорачало одење по гробови и раздавање за душа.Празникот си носи сосема други корени,кои не се искорениле па се камуфлирале во христијански обред.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and malo

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Денес е Духовден архаичниот ден за обреди наменети кон култот на предците(мртвите). Јадењето на гробница е некогашниот адет - на жртвопринесување на луѓе, односно убивање па обреден канибализам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and violetmoon

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Денес е Духовден архаичниот ден за обреди наменети кон култот на предците(мртвите). Јадењето на гробница е некогашниот адет - на жртвопринесување на луѓе, односно убивање па обреден канибализам.

Оригиналниот духовден е ден за средба со мртвите,каде се верува дека нивната душа излегува од гробовите,јаде и има словенско-паганско потекло од прастарата религија на словените.При заменувањето на стари со нови богови,празникот е камуфлиран,а се празнува двојно - и како по старо и со одење во црква по ново.Според црковниот адет, тоа го означува појавувањето на светиот дух врз апостолите и денот кога почнале да зборуваат на разни јазици и да го шират учењето на Исус.
П.С. На пример, зошто св. Илија (Eliyahu) е претставен овде на балканот, како Илија Громовник и има скоро идентичен лик (нацртан) со Зевс (громовникот) на пример?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Оригиналниот духовден е ден за средба со мртвите,каде се верува дека нивната душа излегува од гробовите,јаде и има словенско-паганско потекло од прастарата религија на словените.При заменувањето на стари со нови богови,празникот е камуфлиран,а се празнува двојно - и како по старо и со одење во црква по ново.Според црковниот адет, тоа го означува појавувањето на светиот дух врз апостолите и денот кога почнале да зборуваат на разни јазици и да го шират учењето на Исус.
П.С. На пример, зошто св. Илија (Eliyahu) е претставен овде на балканот, како Илија Громовник и има скоро идентичен лик (нацртан) со Зевс (громовникот) на пример?
Затоа што е само супститут на некогашниот бог громовник Перун, кој несомнено има исти карактеристики како Грчкиот Зевс.
Исто како што св. Ѓорѓи е само христијански супститут на старословенскиот бог на подземјето, панданот на Перун - односно Велес/Велос.

А, и да додадам, како што претходно кажав... не можеш ти човек кој со векови претходно верувал во нешто...преку ноќ да го натераш да верува во нешто друго... затоа и големата разделба на Католици и Православни.
На наше тло не можеле да го извадат квасниот леб(полукружната погача, која несомнено имала магиска улога во некогашните пагански обреди), иако христијанската црква... налагала бесквасен леб, она малечко кругче кое се топи на јазикот при причесна.
Ама сето ова може слободно да се пренесе во некоја нова тема пример „Паганско-христијански синкретизам на балканско тло“ затоа што избегавме од темата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and Prashina

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
На наше тло не можеле да го извадат квасниот леб(полукружната погача, која несомнено имала магиска улога во некогашните пагански обреди), иако христијанската црква... налагала бесквасен леб, она малечко кругче кое се топи на јазикот при причесна.
Ама сето ова може слободно да се пренесе во некоја нова тема пример „Паганско-христијански синкретизам на балканско тло“ затоа што избегавме од темата.
Мислам дека и тоа беше причината за поделбата меѓу црквите источна и западна. Голема улога во христијанизацијата играла политиката тука,а исто така и ученоста на поповите.Пред некој ден читав книги од марко цепенков,тука убаво е раскажано низ хумор сатира или преку други форми секојдневието.Накратко, учен граѓанин на гости бил во некое село и како што носело редот,во недела пошол вцрква.На сред пеење влегол,и попов запира и влегол во олтар и никако да излези.Помошникот,како и да го нарекувале,го прашал попов што е работата а нему му се доверувал па му рекол,ако сети дека абер нема попот што пее,ќе го избрукаат и ќе го истераат, па помошников рекол дека ѓаолот влегол вцрква а селаниве го истерале на клоци.Фактички истата песна,евангелие молитвеник што и дабило - го знаеле и за погреби и свадби и велигден и божик. Заради неукоста и на поповите,навлегуваат и се помешуваат старите обичаи,на пример ако жена праша дали смее тоа и тоа (според црковни закони) а попот незнае народот продолжува по старата традиција како што тој си знае и умее.Е тука се разликите во традиции и обичаи од село до село и од град до град. Прошетај ја напреку и надолжно македонија ќе забележиш комплетно различни традиции.И да не заборавам,улогата на поделбите, грчки владици,бугарски владици....